Три лица, меѓу кои и еден водич, загинале во кантонот Валис кога лавина се урнала врз група скијачи. Во несреќата едно лице е тешко повредено и е во критична состојба, пренесуваат новинските агенции повикувајќи се на швајцарските медиуми.
Четвртата жртва, 34-годишeн маж загинал во истиот кантон скијајќи надвор од означена патека, соопштила полицијата на Валис предупредувајќи дека веќе имало снежни лавини надвор од означените патеки.
Медиумите потсетуваат дека горските служби за спасување пред почетокот на викендот, исто така, предупредиле дека постои голема можност од појава на снежни лавини во јужните области на швајцарските Алпи.
Со овие четири жртви од неделата, бројот на загинатите во снежните лавини во текот на оваа зима во Швајцарија се зголеми на 11 лица.