Првите луѓе на Њујорк и Њу Џерси прогласија вонредна состојба и ги замолија жителите да останат во своите домови зашто североистокот на САД е зафатен од снежно невреме.
Одложени и откажани се илјадници летови.
Првата зимска бура во 2014 донесе ниски температури и силни ветрови кои дуваат од долината на Мисисипи до брегот на Атланскиот океан. Бурата зафати делови од Нова Англија, вклучително и Бостон.
Летовите се откажани токму во периодот кога голем број луѓе се враќаат од божиќните и новогодишните празнувања. Најмногу се погодени аеродромите во Њујорк и Бостон, откажани се 2.500, а одложени 700. Аеродромите се подготвуваат за да ги згрижат патниците.
Во државата Њу Џерси ќе бидат затворени и училиштата.