Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со 0,6% Борисов води пред Трифонов – нема голема промена при распределбата на мандати

0
By НОВА ТВ on July 11, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси израмнети резултати, со многу мала разлика во полза на ГЕРБ над „Има таков народ “, иако се уште постои шанса за пресврт – вакви се првите резултати од излезните анкети на избирачите при малата активност на предвремените парламентарни избори во Бугарија, пишува „Медиапул“. Засега, БСП го задржува третото место, а на четврто е „Демократска Бугарија“, која го подобри резултатот во споредба со претходното гласање од четврти април. ДПС се петти, а коалицијата „Исправи се” е на шестото место. Засега, ова се политичките сили кои го преминуваат цензусот, а најверојатно коалицијата „Патриоти“, од која дел е и ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов останува надвор од парламентот. Сепак, останува допрва да пристигнат гласовите од дијаспората кои во април им дадоа голема поддршка на партијата на Слави Трифонов и „Демократска Бугарија“.

Според Галуп, излезноста до 19 часот била 34,5 проценти. Според Централната изборна комисија (ЦИК) излезноста изнесувала 27,20% во 16 часот.

Според излезната анкета на „Галуп“, ГЕРБ добива 22,1% поддршка, а „Има таков народ“ – 21,5%. Трета е
БСП со 15,1 процент. „Демократска Бугарија“ има 13,7% од гласовите, а ДПС – 12%. Шестата сила во Собранието е „Исправи се” со 4,8%.

Ова беа прв избори во Бугарија кои се спроведоа со целосно машинско гласање, а само половина процент од уредите имале техничи проблем. Денот на изборите измина без сериозни прекршувања.

Новото национално собрание ќе биде составено од истите партии како и претходното, но тоа траеше само три недели и се распушти заради неможноста да се состави влада. Повторно, партијата на Слави Трифонов е онаа која одредува дали Бугарија наскоро ќе има редовна влада или пак ќе влезе во поризичната опција за земјата и ќе се организираат трети парламентарни избори во истата годината, кои доколку се одржат, би биле придружени со претседателски избори наесен.

Големото прашање е дали „Има таков народ“ ќе може да го престигне ГЕРБ – евентуално со гласови од странство. Тогаш тоа ќе биде првата партија на која ќе и биде доделен мандат за формирање кабинет и според неофицијалните информации Слави Трифонов веќе бил подготвен за состав на Влада.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.