Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со 65 гласа „за“ Ана Павловска-Данева избрана за уставен судија

0
By Marija Todorovska on February 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 8, 2024 14:34

Со 65 гласа „за“, 26 „против“ и без воздржани, на 140-тата собраниска седница за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет на Скопскиот универзитет. По гласањето таа ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот на владејачкото мнозинство затоа што, не спорејќи ја нејзината стручност и дека е истакнат правник, сметаат дека со нејзиниот избор ќе се партизира Уставниот суд затоа што Павловска-Данева била и истакнат партиски функционер. Прашаа дали ќе биде независна од влијанието на СДСМ како некогашен пратеник и потпретседател на таа партија и дали како уставен судија ќе работи согласно Уставот и правдата или ќе биде послушник на власта.

Опозициските пратеници во расправата кажаа дека сѐ додека СДСМ и ДУИ се на власт, судството ќе биде неефикасно во борба со корупцијата, ќе биде  партизирано и под политички притисоци и не веруваат дека Павловска-Данева ќе придонесе да се подобри довербата во судството која сега е 0 проценти.

Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека генерално немаат забелешки за нејзината стручност во правото, но, рече „повторно имаме партизација, повторно докажани партиски војници“.

– Не е во прашање само стручната подготовка, многу битен е личниот интегритет и кредибилитет да се носи со позицијата и да не потпадне под партиски влијанија.  Ана Павловска-Данева била носител на листа, пратеник и во еден момент потпретседател на СДСМ. Ќе речете тоа било пред неколку години, но треба јасно да се дефинира во закон колку години кандидатот не треба да се занимава со политика, рече Трајанов.

Со некои ставови на Павловска-Данева и тој се согласува, како што се нејзините критики за СЈО, за бројот на министри и за Великотрновскиот универзитет, но, рече, „факт е и дека од СДСМ е наградена пред изборите да го добие тоа што треба да добие“.

Според Даниела Христова, времето ќе покаже дали Павловска-Данева ќе остане доследна на професионалноста „или ќе си ги покаже партиските квалитети“ затоа што факт е, рече таа, нејзината партиска припадност.

-Можеби е добар професор со квалитети за добар судија, но добар и чесен судија може да биде само ако застане на страната на правдата, а не на партијата, без наклонетост и пристрасност или да биде под влијание од мешање на извршната власт Тогаш ќе биде добар судија и судија за пример, рече Христова.

Според Драган Ковачки, номинацијата на Павловска-Данева е „навреда за чесните правници кои на крајот на кариерата се оневозможени  да се кандидираат за уставен судија“. Не можат да знаат каква ќе биде како уставен судија, рече, затоа што никој не ја поканил да се претстави и да ги изнесе своите ставови, ниту некој од владејачко мнозинство се пријавил да ја претстави пред пратениците.

-Како да дискутираме за лице кое не дошло да се претстави пред нас? Дали ќе има партиско влијание ако некој опори закон пред Уставен суд? Дали ќе може да разграничи што е партиско што е професионално? Каков ќе биде нејзиниот однос кон наметната претседателка на Судот, Кацарска, касапот на македонското судство, која стана тоа зашто успешно монтираше судски процеси и се изучува како негативен пример на универзитети во светот, рече Ковачки.

Нагласи дека не е компетентен да ја цени стручноста на Павловска-Данева, но дека процедурата би била јасна ако бил донесен законот за Уставен суд кој, рече, е неисполнето ветување на вицепремиерот Бојан Маричиќ од времето кога бил министер за правда. Со тој закон, рече, ќе имало точни критериуми за селекција и не ќе можело партиски кадри да се вработуваат како уставни судии.

Ковачки праша и зошто СДСМ се откажале од претходниот предлог – Љубомир Јовевски да биде кандидат за уставен судија и дали биле искрени кога го предложиле или кога ја повлекле кандидатурата.

Неговата сопартијка Јадранска Поцкова, пак, кажа дека со партиската припадност Павловска-Данева го прави токму тоа против што се борела како учесник во Шарената револуција – партизираноста на институциите.

На говорите на опозиционерите реплицираа три пратенички на СДСМ. Марија Георгиевска рече дека за стручноста на Павловска-Данева како правник говорат нејзини колеги и соработници, а за нејзиниот интегритет говори тоа  што има критички став и кон власта, и кон опозицијата.

Жаклина Лазаревска им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не забораваат како во време на нивното владеење се избирале судии.

-Од некојси тефтерчиња… и се уште на власт има „сваровски“ судии. Парот Маневски одредуваше кои ќе бидат судии и обвинители. Тоа ќе го вратите назад? Прво да видиме какви сме ние, па да дискутираме какви се другите, рече Лазаревска.

На забелешката од опозицијата дека била пратеник на СДСМ во Собранието, Калеска-Ванчева одговори „супер би било кога секој уставен судија би поминал низ овие клупи“.

-Јас и моите колеги немаме дилема да гласаме за овој предлог. Нејзините професионални докажани дела не можете да ги оспорите – нејзиното школување, развој, магистратура на тема „Омбудсман“, докторска дисертација од 2004 година, учеството на бројни меѓународни конференции и работилници, во изработка на закони, нејзиното критичко мислење, рече Калеска-Ванчева во одбрана на професорката од Правниот факултет на УКИМ која предава и на Академијата за судии и јавни обвинители.

Собранието по редовната пауза ќе продолжи со расправа за предлогот Љупчо Коцевски да биде избран за јавен обвинител.

Aна Павловска Данева уставен судија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.