Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, се пошегува со изјавата на неговиот политички ривал, Слави Трифонов од „Има таков народ“ (ИТН). Борисов вели дека за разлика од ИТН, неговата партија не се занимава само со НАСА и астронаути.
– Замислете дека Бугарин и северен Македонец се наоѓаат во вселената. Така започнува „Војна на ѕвездите“. Вонземјанот ќе ги види и ќе ги праша: „Какви луѓе сте вие?” „Јас сум Бугарин“, „Јас сум северен Македонец“, прокоментира Борисов.
Овој коментар на Борисов доаѓа по изјавата на Трифонов кој претходно рече дека владата на ИТН ќе побара Бугарија да се зачлени во Европската вселенска агенција, бидјеќи само Бугарија не членува таму од сите земји – членки на Европската Унија.