Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ ги повикува граѓаните денеска во 18 часот, масовно да дојдат пред домот на Никола Груевски, за уште еднаш бучно и громогласно да му порачаат: „Никола, оди си!“
„Ги потсетуваме граѓаните и овој пат, со себе да носат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети кои создаваат бучава, за Груевски да слушне и конечно да разбере дека мора да си оди. Ние, граѓаните, громогласно ќе му кажеме на Груевски дека не сме ги заборавиле неговите злодела и криминали, за кои тој и неговата тајфа ќе мора да одговараат, а и него ќе го потсетиме на клучните телефонски разговори (бомбите) што досега ги презентираше опозицијата“, се наведува во соопштението.
Коалицијата информира дека на вечерашниот протест ќе бидат емитувани и клучните разговори од „бомбите“.




