На 11 и 12.02.2022 на Граничен премин  Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север откриени се 5 фалсификувани ПЦР тестови и 3 возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација.
Имено, на 12.02.2022, при пасошка контрола, било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, кумановско, Д.Г.(56) од Кочани М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.