Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со инфузија на екстерно тестирање

0
By Нова ТВ on June 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 10, 2014 14:24

Родител кој инсистираше да остане анонимен, за НОВА ТВ посочи на сериозен проблем. Неговото дете претходната недела заминало на полагање со инфузија. Основецот полагал со нарушено здравје, бидејќи сака да го фати првиот уписен рок за средните училишта.

-Моето дете отиде да полага со игла на рака и се врати на инфузија после еден час. Баравме термин за полагања после една недела, но во училиштето ни рекоа дека Законот не предвидува такви ситуации. Ова не е хумано општество, нема правда, те оставаат пред свршен чин. Немаат решение. Моето дете се оперираше, но за да не му пропадне уписот оди со дрен на полагања. Подоцна нема да има место во гимназиите, се знае во кои училишта ќе има место, вели родителот.

Заклучно со полагањата кои се спроведуваат денеска, екстерното тестирање за годинава е завршено за основците и средношколците во Македонија. Оние ученици кои не успеаја да полагаат во првиот рок за екстерните тестирањо од 2-10 јуни, втора шанса ќе имаат на почетокот на август. Потребно е да приложат само лекарско уверение, за да го образложат отсуството во првиот рок.

Основците сметаат дека августовската сесија е доцна, бидејќи ако полагаат тогаш, нема да ги фатат првите уписи во средните училишта.

Првиот уписен рок во средните училишта е на 23 и 24. јуни. Втор рок е на 30ти месецов и 1ви јули. Тоа значи дека основците кои не успеаја да ги положат предметите од екстерното тестирање до сега, ја губат шансата за уписите во овие термини и се принудени да чекаат до 21. август.

Од Министерството за образование велат дека немаат предвидено конкретни мерки за учениците кои би отсуствувале на екстерното тестирање од здравствени причини. Затоа тие и сите останатите кои од најразлични причини изостанале, ќе полагаат во август.

-Ние како министерство се трудиме ниеден ученик да не биде оштетен, меѓутоа доколку има индивидуални случаеви кои од различни причини не успеале да полагаат во првиот термин, имаат августовска сесија. Tоа е тоа, вели портпаролот во министерството за образование, Давор Политов.

Политов посочи дека деновиве ќе се знае точната бројка колку ученици го пропуштиле првиот рок за тестирање.

Реформскиот проект за екстерното тестирање стана контроверзен уште од самиот старт, за жалбите на учениците и наставниците кои реагираат на нелогичностите во прашањата и проблемите со електронскиот систем објави и НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.