Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со измените лековите од паралелен увоз мора да имаат два серификати

0
By Менче Атанасова Точи on March 29, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 29, 2018 14:25

Лековите кои ќе бидат внесувани преку паралелен увоз задолжително ќе треба да имаат два сертификати, еден од производителот и втор од сертифицирана лабораторија од земјата која што го произведува лекот или од домашна акредитирана лабораторија. Ова е најважната промена која ја предвидуваат измените на Законот за лекови во делот на паралелниот увоз кои поминаа на Влада и во понеделник ќе се најдат на јавна дебата во Собрание, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Новина во законот е и што на кутијата на лековите од паралелен увоз задолжително ќе стои  упатство за употреба, наместо како досега внатре во кутијата. Со измените, Агенцијата за лекови повеќе нема да може да распишува тендери за лекови.

„ Сертификатот за квалитет е едно од најважните новини во Законот за лекови во делот на паралелниот увоз. Едниот сертификат е задолжителен и покрај ова треба да има и сертификат од сертифицирана лабораторија на земјата производител или од наша акредитирана лабораторија. Има и уште една промена, а тоа е Агенцијата за лекови повеќе да не може да набавува лекови. Што се однесува до упатството на лековите, внатрешното упатство досега се случуваше да се изгуби и во таква ситуација пацинетите не знаат што пијат, затоа упатство ќе стои на кутијата надворешно“, рече министерот Филипче.

Измените во Законот за лекови се одолжија цели два месеца. Министерот Филипче најави дека ќе има јавна дебата и веќе во понеделник на 2. април ќе биде ставен во собраниска јавна расправа.

Во досегашната законска регулатива не се бараше сертификат за квалитет од производителот така што не се знаеше кој лек од каде доаѓа, како е чуван во земјата каде што бил внесен, најчесто Турција, како е транспортиран до Македонија. Поради тоа и големите производители на лекови не сакаат да гарантираат за квалитетот на овие лекови, во државата покрај оригиналните лекови влегуваат и сомнителни и фалсификувани лекувани.

НОВА за лековите од паралелниот увоз на лекови истражуваше пет месеци( ја доби и првата награда за најдобра истражиуваќка сторија на МИМ)  при што беа откриени фрапантни сознанија за фалсификувани лекови за што ОЈО отвори истрага, а се пристапи кон измени на Законот за лекови кои во понеделник ќе се најдат во собраниска процедура.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.