Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Со „Класика РеСтарт“ в четврток стартува Филхармонија 2025/26

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската филхармонија в четврток во 20 часот ја почнува новата концертна сезона со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.

Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери на прес-конференција рече дека новата концертна сезона 2025-2026 е насловена „#Без филтер“, бидејќи сакале да потенцираат дека класичната музика не подлежи на вештачки разубавувања, дека станува збор за уметност без шминка, без технолошки разубавувања, уметност во својот најавтентичен облик.

Оркестарот на Македонската филхармонија и во сезоната 2025/2026 ќе тргне во нова звучна авантура со возбудливи солисти и диригенти кои ја испишуваат денешната историја на класичната музика и се етаблираат на светската сцена како врвни уметници. Нашата публика повторно ќе има привилегија да доживее неповторливи мигови на врвно уметничко задоволство, посочи Имери.

Тој го најави и гостувањето на Филхармонијата во „Музикеферјан“ во Виена на 28 октомври, на матичната сцена на која познатата Виенска филхармонија ги одржува своите концерти, меѓу кои и еден од најпознатите – Новогодишниот концерт кој се одржува секој 1 јануари.

Во Виена ќе се претставиме со спој на македонската традиција и европската класика – ќе бидат изведени дела од тројца македонски композитори – Глигор Смокварски, Бете Илин, Сони Петровски, како и Симфонијата број 8 од Антонин Дворжак. Како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски. Ова е историски момент за нашиот оркестар, но и за нашата држава чија музичка култура и традиција ќе ја претставиме на најдобар начин, како најстар и единствен симфониски оркестар во државата. Македонската филхармонија уште еднаш ќе испише историја, и ќе докаже дека културата е најсилниот дипломатски инструмент и најдобар амбасадор на државата во светот, потенцира Имери.

Појасни дека до крајот на сезоната ќе има интересни концерти со исклучителни странски солисти, но и домашни уметници како кларинетистот Васко Дуковски, виолинистката Фросина Богдановска, виолончелистот Паскал Краповски и виолинистката Сихана Бадивуку.

Роденденскиот концерт е на 27 ноември со врвниот ерменски виолинист – Сергеј Хачатријан, а ќе настапат и виолистот Александар Земцов, виолинистите Теди Папаврами, Ава Бахари, Шкељзен Доли, харфистката Анелин Ленеартс, пијанистите Ендру фон Ојен и Алим Беисембајев, како и еден од најдобрите виолинисти во моментов – фантастичниот Нинг Фенг од Кина. Зад пултот ќе застанат нашите стари пријатели – диригентите Емил Табаков и Конрад ван Алфен, повторно ќе настапи и Бар Авни, лауреатката на „Маестра“, Најден Тодоров, Тимоти Редмонд, Олси Кинами, нашите диригенти, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев и Бисера Чадловска. Ќе имаме возбудлива концертна програма, во која се надевам дека ќе уживаат вљубениците во класиката и нашата верна публика, рече Имери.

Концертмајсторите Анна Кондратенко и Владимир Костов кои беа дел од уметничкиот совет кој ја креираше програмата за оваа сезона истакнаа дека при изборот на делата се водело сметка да бидат застапени дела од сите епохи.

Кога ја создаваме програмата важно ни беше да одбереме дела кои се важни за развојот на оркестарот, да бидат опфатени дела од т.н. железен репертоар, но и дела кои не биле изведени на нашата сцена, рече Кондратенко.

Според Костов, освен делата од железниот симфониски репертоар, важно е да се напомене дека публиката ќе има можност да чуе и премиерни изведби на дела кои досега не биле изведени на нашата сцена.

Првпат ќе биде изведено вокално-инструменталното дело на Карл Џенкинс, мисата за мир „Вооружен човек“, како и моќната и грандиозна Симфонија бр.11 од Дмитри Шостакович, на програмата се и капитални дела оркестарски дела како „Посветување на пролетта“ од Игор Стравински, истакна Костов.

Освен симфониските концерти, публиката ќе има можност да проследи и интересни камерни концерти, како и симфониски концерти, наменети за најмладата публика.

 

Нова Сезона филхармониа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.