Одземените пасоши на триесетина функционери, меѓу кои се Груевски, Мијалков и Канчевска, отвора нови проблеми за реализирање на оваа мерка, по барање на СЈО, а одобрена од страна на Судот.
Дилемата за можност од изигрување на правдата останува во игра, доколку некој од функционерите поседува два или повеќе пасоши или пак се користат само лична карта, или со службени или дипломатски пасоши, според високи извори на НОВА во МВР.
Поседувањето на неколку пасоши и оттаму и државјанства на друга земја, службени или дипломатски пасоши, за кои е побарано одземање, како и користење на македонска лична карта за оние држави каде што тоа е одредено со меѓудржавни договори (како што е случајот со Србиј, но и други земји), не подразбира и можност за нивно користење на македонската граница и потенцијална покана за бегство на некои од функционерите, доколку сакаат да ја избегнат правдата.
Компјутерскиот систем на македонските граници подразбира дека при исчитувањето на пасош или лична карта, односно нивно скенирање, не се дозволува излез на одредена особа за која постои мерка одземање пасош, како во случајот со 28. функционери. Името и презимето на тие особи се исчитуваат во базата на податоци и алармот е вклучен за граничната полиција дека некој од наведените функционери незаконски излегува од земјава.
Но, сепак постои отворена можност, доколку некој од казнетите функционери сака да ја избегне казната да остане во Македонија- тоа е излез со бугарскиот пасош, и доколку некој го поседува, добива елегантна прилика да го искористи токму сега. Што всушност е во прашање- компјутерските скенери на границите не го препознаваат писмото, односно бугарската азбуката на тој пасош, изјавуваат изворите за НОВА.
Оттука, оние функционери, доколку постојат такви што поседуваат бугарски пасош, ако сакаат да излезат од Македонија, имаат отворена врата да го сторат тоа, дотолку повеќе што нивните имиња е невозможно да се дознаат, затоа што такви податоци- за двојно државјанство не поседува ниту една институција.
Токму затоа, постои веројатност гранични премини да се делумно затворени за казнетите функционери, затоа што компјутерскиот систем не е докрај усовршен и покрај фактот што поседува база на податоци кој го вклучува црвеното светло за оние функционери кои не смеат да ја преминат македонската граница.
Помеѓу оние 30 лица кои остануваат без пасоши се екс премиерот Никола Груевски, екс шефот на разузнавање Сашо Мијалков, како и поранешните министри во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за култура- Елизабета Канческа- Милевска, вицепремиерот за економија- Владимир Пешевски, транспорт- Миле Јанакиески, шефот на Кабинет- Мартин Протуѓер, генералниот секретар на Владата- Кирил Божиновски, градоначаникот на Гази Баба, Тони Трајковски, началникот на 5 Управа во УБК, Горан Грујовски и други.
Канческа Милевска треба и да се јавува во судот секој понеделник, а Пешевски секој вторник. Без пасош ќе остане и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски којшто ваква мерка доби во рамки на истиот случај со Пешевски – „Траекторија“.
Освен екс функционерите, без пасоши остануваат и уредничката на вестите на Сител како и на дневниот„Вечер“, Ивона Талевска, како и нејзиниот колега во Сител- Драган Павловиќ- Латас.





