Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со мотото„И покрај се“вечерва во Битола почна 42.издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“

0
By Mirjana on September 17, 2021 КУЛТУРА
Photo: Bitola News
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 17, 2021 00:07

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 42. Издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Како покровител на оваа значајна манифестација, претседателот Пендаровски истакна дека благодарение на фестивалот, Битола и Република Северна Македонија се присутни на светските филмски мапи и се посакувана дестинација за кинематограферите и останатите филмски работници од сите светски меридијани.

Photo:Apla.mk

-Јасно е дека живееме во време/невреме што ги забави, дури и замрзна нашите животи, во кои сликите од различните модели на комуникација, на едно симболично, но, и на фактичко ниво, престанаа да бидат подвижни. Сведочиме за прекин на нашите внатрешни и заеднички нарации како можност за подобар живот. А таквата состојба не му е својствена на човекот, напротив, таа му создава празнини кои тешко се пополнуваат. Дури и повеќе, во таа желба за враќање на динамиката на животот, на нашите „подвижни слики“, филмската уметност особено во овие пандемиски времиња, е екстензијата која води кон прекинатите човечки, емоционални варијации на животот. Како што во една прилика забележа Тарковски: „Целта која ѝ е доделена на филмската уметност не е, како што често се претпоставува, да служи само како допадлив пример за разонода. Целта на филмската уметност, и воопшто на уметноста, е да ја подготви личноста за соочување со сите искушенија, па дури и со смртта, да ја изора и вознемири нејзината душа, давајќи ѝ можност да се врати кон доброто и благородното, кое некаде по пат, низ животот го изгубила.

Чест ми е што сум покровител на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, еден од најзначајните  културни настани во нашата земја, бездруго значаен и на меѓународно ниво. Имено, посветен на кинематограферите, фестивалот може да се пофали со оригиналност, богата историја и чиста љубов кон седмата уметност – бидејќи е посветен токму на сликите, на визуелниот јазик на животот.

Благодарение на фестивалот, Битола и Република Северна Македонија се присутни на светските филмски мапи и се посакувана дестинација за кинематограферите и останатите филмски работници од сите светски меридијани.

Минатата година, ги немаше филмските проекции, полната кино сала и возбудата што ја носи фестивалот, кој е своевиден празник за градот Битола како град домаќин, но и за целата наша држава. Недостасуваше гостите да прошетаат низ Широк сокак и да ги откриваат тајните на градот на конзулите кој во своите филмови го овековечија првите сниматели на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки.

Годинава и покрај тоа што како и целиот свет сѐ уште се бориме со пандемијата, имаме фестивал во целосен формат, за што најискрено им честитам на организаторите, на сите поддржувачи и фанови на фестивалот и секако на драгите гости кои дојдоа во Битола.

42 –то издание на „Браќа Манаки“ треба да покаже дека фестивалот е жив, витален и опстојува покрај сѐ,  како што мораме и во секој друг сегмент од животот да продолжиме понатаму со оптимизам и надеж и покрај сите тешкотии и проблеми кои не притискаат секојдневно.

Ќе дозволите да повторам една работа што ја кажав и минатата година. Токму деновите поминати во карантин, во изолација, во нашите домови, нѐ потсетија колку подвижните слики се неопходни за нашите животи. Исто така не натераа да ја видиме разликата помеѓу малите екрани и магијата на големото платно. Да се надеваме дека нашите животи ќе се вратат во нормала, ќе има се помалку ограничувања, а сѐ повеќе можности за животни радости и за дружење со уметноста.

Ви посакувам добро здравје и посакувам успешно 42-ро издание на „Браќа Манаки“, за кое сум уверен дека ќе донесе врвни филмски остварувања и уметничка естетика, го заврши својот говор претседателот Пендаровски.

42 Битола издание на браќа Манаки.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.