Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со над 5 милиони евра почнува реализација на иновативни проекти во 8 општини во државата

0
By Mirjana on February 5, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 5, 2022 11:59

На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претседава министерот за локална самоуправа Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра.

Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската Унија, а кофинансирањето од 15 проценти го покрива Министерството за локална самоуправа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

– Благодарение на поддршката од ЕУ, со реализацијата на овие проекти ќе се направи суштинска промена во квалитетот на живеење во овие општини. Министерството за локална самоуправа тргнувајќи од интересот на општините и бенефитот за граѓаните го прифати предизвикот да го обезбеди кофинансирањето од 15 проценти, во што ни помогна Швајцарската агенција за развој и соработка, со што им даваме шанса и на помалите општини кои што самостојно тешко ќе можеа да ги обезбедат овие средства, рече министерот за локална самоуправа Милевски кој ја истакна и големата корисност од техничката поддршка што ја обезбедува Европската Унија како гаранција за успешно имплементирање на проектите.

Претставникот од Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин забележа дека општините покажале голем интерес, со 58 апликации на јавниот повик.

– Ова е голем успех за нас, затоа што во пракса две третини од средствата на ЕУ за поддршка на државите се имплементираат на локално ниво. Колку подобро ќе се организираме толку подобро ќе се одвива процесот на апсорбсија на средствата, а во пракса земјите што се поподготвени за реализација на ЕУ средствата, побрзо се движат во процесот на интеграција во Европската Унија, рече Худелин кој истакна дека ЕУ е најголемиот донатор во земјата и 40 проценти од ИПА буџетот се имплементира во општините.

– Проектот ЕУ за општините им помага на општините, но и општините покажаа успешност со понудата на проекти од високо иновативен карактер во сферата на урбаната мобилност, заштита на животната средина, социјалната инклузија. Не само овие, сите општини треба да добијат поддршка, искрено се надевам дека на крајот сите ќе бидеме задоволни од имплементацијата на проектите, рече претседателката на ЗЕЛС и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

– Поврзувањето на општините со Европската Унија е важно за развој на нови иницијативи како што се и овие проекти кои што се резултат на доследна проценка на потребите на граѓаните, рече претставничката на Секретаријатот за европски прашања Зуица Змејковска.

Координаторот на програмата “EУ за општините”, Карл Џацинти информираше дека постојат можности за финансирање и на нови проекти  за подобрување на транспарентноста во спроведувањето на јавните набавки, за изработка на локални планови за обновливи извори на енергија, а Европската Унија има и многу други програми кои што им стојат на располагање на општините.

Од одобрените осум проекти, два нудат иновативни решенија за управување со цврст отпад, два проекти се за подобрување на урбаната мобилност, и по еден проект за социјална инклузија на лица со попреченост, за дигитализација на локалните услуги, за енергетска ефикасност и за иновации за развој на туризмот.  Додадена вредност на проектите е што се имплементираат во соработка со граѓанскиот сектор и со општини од земји членки на ЕУ, со можност проектите да се реплицираат и во други општини во државата. За размена на искуства и за поддршка на имплементацијата ќе биде креирана електронска платформа која што ќе им биде достапна на сите општини и на надлежните институции.

НА ЛОКАЛНО НИВО проекти СО ЕУ СРЕДСТВА финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.