Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со нови мантили ќе ги учат на услужливост во болниците

0
By Нова ТВ on May 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 19, 2013 16:58

Бел мантил за лекарот, медицинската сестра ќе биде облечена во син мантил, болничарот во светло сив, а техничкиот персонал во црвен или бордо комбинезон. Ова стои во новиот протокол кој е обврзувачки за сите вработени во јавното здравство.

На овој начин министерот Тодоров ќе го подига нивото на болничка култура и услужливост меѓу пациентите и лекарите, како и дефинирање на тоа кој што преставува внатре во болницата.
Протоколот во наредните денови ќе биде објавен во Службен весник.

„Хоспиталната култура е сегмент од организациската култура што го регулира начинот на средување на односите во една здравствена установа во која пациентот е во центарот на вниманието, што ја има во сите развиени здравствени системи. Во нашите здравствени установи имаме врвна опрема, инвестираме во знаење и обука на персоналот, а единствено ни недостасува средување на организациската култура и начинот на однесување изјави министерот Тодоров.

Според Тодоров слабостите во организациската култура се детектирани преку проектот Таен пациент што го спроведуваше Министерството во изминатата година, а чија цел било откривање на начинот на кој се средени односите во здравствениот систем.

– Протоколот предвидува здравствените работници да го сменат начинот на комуникација со пацинетитете и кон нив да се обраќаат со персирање. Мора и секој здравствен работник да носи беџ за да знае секој пациент со кого комуницира изјави Тодоров.

Според него ова е суштинската разлика меѓу јавните здравствени установи во Македонија и во странство. Пред извесно време болниците требаше да добијат мантили за вработените и пижами за пациентите бидејќи старите повеќе личеа на партали, но нема информација дали се спроведе набавката.

Кој ќе ги набавува сега новите мантили, болниците со нивните ограничени буџети или Министертвото за здравство и дали на ваков начин ќе се подобри основната хигиена во болничките соби, ординациите и операционите сали останува да се види.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.