По претходно добиени информации дека автомобил од типот „опел корса“, денеска (22 мај) околу 12:30 часот, се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, веднаш се преземени мерки од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Лицето е пронајдено и утврдено дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје. Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции“, информираат од МВР.