Published: Friday, December 27, 2013 12:39
Вчера некаде после еден и пол часот во кумановско Ваксинце во угостителскиот објект „Аљби”, непознато лице преку прозорецот од објектот испукал три куршуми надвор, а потоа излегол од објектот и испукал уште неколку куршуми во воздухот.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, каде што пронашла 17 испукани чаури. По преземените мерки лицето е идентификувано како К.Н. (41) од селото Лојане. Против приведениот ќе бидат преземени соодветни мерки.




