Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека се во тек интензивни разговори со земјите од Блискиот Исток за да се најде решение за конфликтот во Појасот Газа.
– Интензивните разговори траат веќе четири дена и ќе продолжат колку што е потребно за да се постигне успешен договор. Вклучени се сите земји во регионот, наведе Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social).
Трамп неделава се сретна со лидери и претставници од голем број муслимански земји, со кои разговараше за ситуацијата во палестинската енклава, која е под интензивирани израелски напади.
Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека Трамп на средбите со муслиманските лидери мировен план за Блискиот Исток од 21 точка.
Израелскиот портал „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel) го објави документот што Трамп му го претставил на лидерите од регионот.
- Појасот Газа ќе биде зона без терор која не претставува закана за своите соседи.
- Појасот Газа ќе биде обновена во корист на својот народ.
- Доколку двете страни се согласат со предлогот, војната ќе заврши веднаш, а израелските сили ќе ги прекинат сите операции и постепено ќе се повлечат од Појасот Газа.
- 4 – 21: Линк