Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со полн куфер облека натопена со кокаин, македонски државјанин спречен да влезе во Србија

0
By НОВА ТВ Balaban on December 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 20, 2021 15:27

На прашање на царинските службеници зошто се влажни работите, патникот изјавил дека во земјата од каде доаѓа има висока влажност, па испраните алишта не успеале да се исушат, соопшти Царинската управа.

Српски цариници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, спречија 51-годишен државјанин на Северна Македонија да влезе во Србија со куфер полн со облека натопена со кокаин, јави дописникот на МИА од Белград.

Царинската управа наведува дека македонскиот државјанин со албанско потекло на 13 декември допатувал од Еквадор, преку Амстердам во Белград, каде што цариниците при прегледот на багажот забележале дека облеката е влажна и потешка од очекуваното.

Штом патникот го отворил куферот, се почувствувал силен мирис на киселина, а целата облека во багажот била влажна. Во куферот немало ништо друго освен облека, чевли и средства за лична хигиена, иако патникот рекол дека дошол од Еквадор, каде што 13 дена престојувал кај пријател.

– На прашање на царинските службеници зошто се влажни работите, патникот изјавил дека во земјата од каде доаѓа има висока влажност, па испраните алишта не успеале да се исушат, соопшти Царинската управа.

По консултации со Обвинителството, наредено е багажот привремено да биде задржан и да се испрати на вештачење, а наодите на Националниот центар за криминалистичка форензика на српското МВР потврдиле дека примероците се позитивни на кокаин.

Против државјанинот на Северна Македонија ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнеж за трговија со дрога.

кокаин Куфер натопена облека Српски цариници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.