Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со „помалку карти во рака“ Украина е принудена на разговори во Саудиска Арабија

0
By Zoran Ivanov on March 8, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Присуството на украинските преговарачи во Џеда следната недела сугерира дека официјалните лица во Кијив прифатиле дека во моментот имаат неколку опции. Или, како што рече американскиот претседател Доналд Трамп, неколку карти.

Рејмонд Фурлонг

Лишени од поддршката од американската војска, украинските дипломати бea принудени да седнат на преговарачката маса во услови на несогласувања со Белата куќа.

Украина е непослушна мазга која е удрена по носот со дрвена штица. Оваа живописна слика е парафраза на забелешката од специјалниот пратеник на САД, Кит Келог кој го сумира погледот на Вашингтон за „карпестиот пат“ на Украина: од несогласувањата во Белата куќа, до новите разговори со американските преговарачи во Саудиска Арабија.

Келог дискутираше за одлуката на САД да ги паузира воените резерви на Украина и да ја суспендира разузнавачката соработка. Целта, рече тој, беше да се принуди Украина да се приклучи на разговорите.

„Најдобриот начин на кој можам да го опишам тоа е „како да удираш мазга по носот““, рече тој.

Со други зборови, најголемиот воен поддржувач на Украина користеше голем стап за да го добие своето и се чини дека успеа.

„Притисокот е да се натераат да се вклучат во дипломатски активности. Суштината е дека тоа е присилувачка функција за да ги донесете на масата”, рече Келог на настан во Вашингтон на 6 март.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски на 10 март ќе се упати кон Ријад за да се сретне со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, по што следат разговори помеѓу украинската и американската делегација во Џеда подоцна во текот на неделата.

Овој поглед на динамиката од последните неколку дена, беше споделен од еден аналитичар кој зборуваше за украиснкиот сервис на Радио Слободна Европа на 7 март.

“Тие одлучија да извршат притисок врз најслабата страна”, рече Евгениј Махда, украински политички научник и директор на Институтот за светска политика во Кијив.

„САД не само што го вртат светскиот поредок наопаку. Тие демонстрираат, знаете, еден вид карикатура на политиката”, смета Махда.

Огорченоста во овие зборови одекнува во коментарите на украинскиот амбасадор во Лондон, Валериј Залужни, кој оваа недела ги обвини САД за „уништување” на меѓународниот поредок базиран на правила.

Сепак, присуството на украинските преговарачи во Џеда следната недела сугерира дека официјалните лица во Кијив прифатиле дека во моментот имаат неколку опции. Или, како што рече американскиот претседател Доналд Трамп, неколку карти.

Тонот на каење на Зеленски во последниве денови, исто така, зборува за ова.

„Нашата средба во Вашингтон, во Белата куќа во петок, не помина како што требаше да биде. Жално е”, напиша тој на Твитер на 4 март и додаде:

„Јас сум подготвен да работам под силното водство на претседателот Трамп”.

Келог седеше веднаш зад американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио кога состанокот во Овалната соба ескалираше.

„Имав место до рингот”, рече тој, додавајќи дека Зеленски “погрешно ја прочитал собата”.

„Не се обидувајте да го предизвикате претседателот на САД во Овалната соба”, рече Клог.

Текстот е преземен од Слободна Европа.мк

 

анализа Зеленски преговори фурлонк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.