Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со посебна програма се овозможило 37 фирми да не плаќаат данок

0
By Нова ТВ on August 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со интервенции во електронскиот систем на Управата за јавни приходи за данок на добивка, вработени во УЈП меѓу кои и раководни лица свесно и намерно со интервенции им овозможиле на 37 фирми најмалку две години да не плаќаат данок на добивка.

Овие фирми  биле отстранувани од листите за генерирање на опомени за наплата на долгови. Ако опомената за наплата на долгови не е испратени преку системот, нема основа за да се започнување на постапка за присилна наплата.

Како што објасни денеска на прес-конференција, в.д. директорката на УЈП, Сања Лукаревска, за да се овозможи ова била направена посебна програма за забрана на печатење на опомени за долгови по основ на данок на добивка. Со ова фирмите избегнале да платат милионски долгови.

Лукаревска рече дека сите фирми се од Скопје и дека освен приватни компании има и јавни претпријатија.

„Имињата на фирмите кои биле бенефицирани, не можеме да ги кажеме, затоа што според член 9 од Законот за даночна постапка станува збор за даночна тајна. Дел од фирмите се познати во јавноста и објавени на листата на должници на УЈП. Секој е должен да плаќа данок на начин утврден со закон. Никој нема да биде привилегиран и да одбегнува плаќање на данок. За сите инволвирани ќе бидат покренати постапки“, изјави в.д. директорката на УЈП.

Според овој член, службените лица од УЈП се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна, прекршочна или судска постапка.

Лукареска додаде дека засега се водат постапки за дисциплинска одговорност за двајца вработени во УЈП и најави дека проширување на истрагата и постапката.

37 фирми Данок на добивка дисциплинска одговорност УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.