Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со “Разговори во четири очи” завршува турнејата на МНТ

0
By Нова ТВ on September 17, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот народен театар (МНТ) со изведбата на претставата „Разговори во четири очи“ во режија на Нина Николиќ во театарот „Kosztolányi Dezső“ во Суботица, Србија ги заврши гостувањата на фестивалите „Central European Theatre Festival“ во Кошице, Словачка и „Belaya Vezha“ во Белорусија, како и гостувањето во  Србија.

Како што информираат од МНТ, претставата, која е во копродукција на МНТ и Скопје Филм Студио, наиде на одличен прием и задоволство од страна на публиката.

– Публиката ја проследи претставата со големо внимание, и реагираше со воодушевување. Одличната актерска игра, составена од веќе докажани, но и млади актери уште еднаш ги оправда очекувањата кај публиката и организаторите и беше испратена со долги стоечки овации во сите три држави, соопшти МНТ.

На 10 септември „Разговори во четири очи“ се одигра на фестивалот во Кошице, значаен културен настан на кој учествуваа театарски куќи од Полска, Чешка, Унгарија, Македонија и други.

Во селективната програма на Меѓународниот театарски фестивал „Belaya Vezha“ каде на 12 септември со почеток во 18 часот се одигра претставата на Македонскиот народен театар, учествуваа и 14 земји: Белорусија, Грузија, Унгарија, Казахстан, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Полска, Русија, Украина, Финска, Чешка и Естонија. Во селективната фестивалска програма настапија 28 театарски куќи, а театрите од целиот свет на белоруската публика и ги прикажаа своите најдобри дела и ги споделија креативните искуства и трендови на модерниот театар.

По Меѓународниот театарски фестивал „Belaya Vezha“ во Белорусија, екипата на „Разговори во четири очи“ во состав: Амернис Нокшиќи-Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски отпатува за Србија, каде што на 15 септември ја одигра во театарот„Kosztolányi Dezső“ во Суботица.

МНТ Разговори во четири очи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.