Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со шупелките на вмро осиромашувањето не ни бега

0
By Zoran Ivanov on November 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 10, 2024 14:56

Потрошувачка. Кредити, па до кај ќе се стигне, до таму. За волја на вистината, значително подобри капацитети тешко дека ќе можат да понудат и другите политички претенденти.  Таква е ситуацијата. Грозна! А најлошото допрва доаѓа. Не се гледа субјект кој од овој аспект има свест за состојбите, а нема жива душа која има некаква идеја, која е спремн да влезе во ризик нешто да промени. Да му дадеме време на времето!

Бранко Тричковски

Нека да ја земеме за пример Македонија во сегашната политичка конфигурација: што може да направи вмро за доброто на граѓаните со своите шупелки во министерските, директорските, началничките, советничките, градоначалничките итн. фотељи!?

Сите гледаме какво срање е тој човечки материјал.

Од највисоко ниво, до последниот лепач на плакати со патриотска сперма.

Што?

Освен по некое игралиште за деца, пат чиј капацитет нема да има кој да го полни и сераторските пропаганди зад секој агол.

Културата на комитлакот што ја донесе и расшири оваа зло не може да произведе ниту два грама нова вредност. Нема кој да ја произведе. Говорам на национално ниво. Има компании и поединци, па и групи кои имаат такви резултати или потенцијали, но општата слика е многу мрачна.

Трошаџиска и тоа како култура трошациска искомбинирана со мрза и поза.

Кај вмро тоа е посебно изразено затоа што тој зад себе го влече мрсулот на неукиот свет или, што е уште полошо, сликите на лажното, умисленото, по задача дотераното манекенство на пропагандистичката памет.

Потрошувачка.

Кредити, па до кај ќе се стигне, до таму.

За волја на вистината, значително подобри капацитети тешко дека ќе можат да понудат и другите политички претенденти.

Таква е ситуацијата.

Грозна!

А најлошото допрва доаѓа.

Не се гледа субјект кој од овој аспект има свест за состојбите, а нема жива душа која има некаква идеја, која е спремн да влезе во ризик нешто да промени.

Да му дадеме време на времето!

Сте сретнале ли во последните шест илјади години поглупава политичка максима!?

Лоши се и состојбите во светот.

Нациите се се повеќе хендикепирани во однос на човечкиот фактор. Тука мислам и на биолошкиот аспект, но пред се на културниот, образовниот, моралниот, стручниот и интелектуалниот.

И на елементот на вољата, на љубопитноста, на културата на трудот и на односот кон општото добро.

Мислам дека човечките капацитети за создавње на нова вредност се значително намалени. И покрај техничкиот напредок кој освен што надокнадува дел од немоќта на човекот, дополнително го оглупавува, го прави лесноумен, дури и лефтерен и комотен кон себе, префрлајки ја строгоста во своите политички ставови кои се илузорни и во изворот и во целите.

Тоа е таа ориентација кон десницата, радикалната десница, национализмот, екстремизамот, насилството, фашизмот…

Мигранти можеш да бркаш и да тепаш, но од таа “храна” не може никој да живее.

Во повоениот период важеше правилото дека левите политички опции создаваат национално богатство кое десните го трошат. Првенствено поради подобриот човечки, специјално интелектуален материјал на страната на левицата. Кој, во меѓувреме, е загубен.

Тој грубо формулиран принцип ја диктираше сменливоста на властите зашто и создавањето на богатството и неговото трошење, беа и се сврзани со ризици за политичките актери.

Така што може со прилично голема сигурност да се каже дека ширењето на популистичките и авторитарни опции заедно со безидејноста и немоќта на левите, ќе заврши со тешко осиромашување на нациите и на општествата со исклучок на врхушката лопужи, авантуристи и злосторници, кое нама да може да ги надокнадат ниту најновите модели на вештачката интелигенција.

Хахаха!

Тоа е, другари, уживајте во порастот на пензиите пред да почнат рестрикциите. Пензиски и општи.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.