Настаните на реката Бел Дрим ги восхитија сите медиуми, вклучувајќи ги и британските. Дејли Мејл (DailyMail) направи репортажа со најинтересните фотографии на натпреварот за најдобар скок во вода од Светиот Мост.
Натпреварувачите се натпреваруваа во скок во вода во најразлични стилови. Шампион во стилот ластовица и најдобриот скокач бил Сали Риза од Гранчина.
Во прилог се неколку интересни фотографии кои на Британците им оставија најголем впечаток.