Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со трите години за Кичеец, извесен станува затворот за Јовановски и Јанева

0
By Нова ТВ on December 4, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Љубиша Арсиќ

Дали е во договор со јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска и дали судот искажа почит кон тоа што призна вина, или, сепак, беше строг со одредувањето на казната од три години затвор за Зоран Милески Кичеец за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“? – Сепак, и покрај санкцијата, тој може помирно да спие, барем периодот додека мине второстепената процедура во Апелацискиот суд, откако ќе следува жалбениот процес, затоа што до тогаш ќе остане во домашен притвор. Апелација има можност да ја намали казната на две години, а со тоа да се стекне и правото за условна осуда.

Но, во меѓувреме, додека не замине на издржување на казната, ако таа остане со иста квалификација оти логично е Кичеец со жалбата да бара условна осуда заради признанието, тој ќе може отстрана да го следи продолжението на судењето. Тој, според законските правила нема да се појави како сведок во процесот против Бојан Јовановски и Катица Јанева затоа што листа со сведоци и список со докази до судот се доставуваат пред почетокот на главен претрес што се случи вчера, а Кичеец отпосле призна вина. Русковска пак, не очекувала построга санкција, неа казната од три години и е доволна со оглед дека судот, ако беше поблаг, можеше да изрече и една година.

Сакале да признаат или не, или колку и да нудат контрааргументи против обвинителниот акт, сепак, денешната затворска пресуда ги става Јовановски и Јанева во незавидна ситуација. Имено, улогата на Милески била да посредува помеѓу Боки 13 и Орце Камчев, да организира состаноци и на двајцата да им влее доверба да си веруваат еден на друг, за потоа Боки да го увери Камчев дека специјалната обвинителка Јанева ќе му ги удоволи барањата за предметот „Империја“ и ќе му ја олесни положбата која ја имаше како притвореник и осомничен.

Сега, ако Милески има затворска казна од три години, а направил помало дело, посредувал и примил награда, тогаш Јовановски и Јанева имале далеку посуштинска и поголема улога во местенките околу процесот „Империја“, особено екс специјалната обвинителка која, иако одговара за злоупотреба во службата, сепак, имала можност за силно влијание врз предметот која практично требаше да му пресуди на Камчев, после долги години со низа кривични пријави и истраги на негова адреса. Опасноста од строга казна за двајцата ја навестува и доказот дека постои снимка како Јанева и Јовановски зборуваат за наводната, нова улога на Камчев во „Империја“ која по сè изгледа требала да го спаси од затвор, или барем од ефективен затвор.

Со еден збор, ако се докаже дека Јовановски и Јанева договориле олеснување на положбата на Камчев, а при тоа е јасно дека Боки заминува со полна торба пари од неговиот дом, тогаш посредникот што им ги договорил состаноците е ситна риба во споредба со другите актери. Тука може да остане да виси, или од оваа дистанца изгледа така, сознанието дали Јанева зела дел од парите на Боки и во колкав износ. Дали и таа понатаму имала намера да „награди“ некој друг во СЈО за полесно да оди процесот за олеснување на делото за Камчев?

Но, дали Орце Камчев може да биде одговорен, исто како Јовановски и Јанева? Парите кои ги дава на Јовановски се водат како награда, а не како поткуп или мито. Но, така и ќе остане затоа што во новите одредби од Законот за кривична постапка е наведено дека јавниот обвинител нема да прeземе кривично гонење ако осомничениот како член на организирана група, банда или друго злосторничко здружение доброволно соработува пред или по откривањето или во текот на кривичната постапка и ако таквата соработка и изјава на тоа лице е од суштествено значење за кривичната постапка. Дали може да се смета Камчев за таков, за сведок чиј исказ значително ќе помогне во утврдувањето вина кај Јовановски и Јанева?

Веќе е познато дека Кичеец работел во една од фирмите на Орце Камчев, па затоа после признанието се отвори дилема – дали практично тој бил искористен од Камчев за да се наместат Боки и Јанева? – Кичеец дури имал прилика да биде сведок во процесот наместо обвинет, но сега во затвор го носи неговото правно незнаење. Ако беше сведок уште повеќе ќе личеше дека Камчев го злоупотребил, но притоа извлекол глава. Имено, кога прв пат бил повикан во обвинителството Кичеец немал адвокат, и не сфатил дека е повикан како сведок па избрал да молчи. Потоа се нашол на листата обвинети. Токму ова во мала мера го напомена вчера во судница неговиот адвокат.

Како и да е, судењето за Јовановски и Јанева продолжува в петок со сведочење на Камчев. Со оглед на здравјето на Боки процесот ќе биде тежок, но затоа судот однапред има закажано 20-тина датуми во декември и јануари, за да може што побрзо да се стигне до пресуда за двајцата.

Бојан Јовановски Зоран Милески-Кичеец Катица Јанева Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.