Едно лице е уапсено како осомничено за убиството на 40-годишен полицаец, кое се случи ноќеска околу 2:30 минути во Велес, информираат медиумите од Велес. Итната помош го затекнала полицаецот со убодна рана од нож во градниот кош.
Приведена е девојка, која имала љубовна врска со полицаецот. Според информациите од Итната помош, убиството се случило во куќа на улица Максим Горки бр. 190, во непосредна близина на куќата на Касапови.
– Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки бр. 190. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош, изјави денеска д-р Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош – Велес.