Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со учење за мултиетничноста ќе се надмине етничката поделба кај децата

0
By Нова ТВ on February 2, 2018 ВЕСТИ
Фото Дојче веле
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инцидентите меѓу младите се резултат на градење атмосфера на нетрпеливост, на национализам и меѓуетничка омраза, што беше секојдневие во минатото и поттикнувано од највисоките државни функционери, но сегашната Влада се обидува да го промовира и до го рашири концептот живот за сите, заедничко живеење на сите етнички заедници, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска во врска со вчерашната тепачка меѓу  две групи малолетници во Ченто.

Дескоска притоа укажа дека токму учењето на младите на толеранција и соживот меѓу различностите е и една од мерките во Стратегијата за образование 2018-2025, усвоена во вторникот на седница на Владата.

Појаснувајќи го концептот на наставните програми, таа вели дека ќе бидат внесувани елементи за запознавање на различностите, мултиетничката компонента ќе биде внесена и во учебниците, и во наставните планови, а за градење соживот ќе се обезбедуваат и просторни услови, односно сите ученици да учат во исти училишни згради.

– Во некои општини, на пример во Тетово и Куманово, ученици на македонски јазик учат во една зграда, а ученици кои учат на албански јазик учат во друга зграда. Тие се физички одвоени, што не е добра пракса. Правиме напори со градоначалниците да се обезбедат сите проектни документации и дозволи за градба со цел да ги срушиме прво тие физички бариери. Да се види дека кога учат заедно, во едно училиште, тоа може да биде позитивно, а не извор на тензии и конфликти, вели Дескоска.

Министерката Дескоска во интервјуто за Ноќното студио на Телма посочи дека таа дезинтеграција одела дотаму како што рече таа постоел страв кај МОИ и кај градоначаниците да ги сместат децата во иста училишна зграда. Она што Дескоска го истакнува е што паралелно со ваквата ситуација на теренот, МОН заедно со меѓународни институции спроведувало меѓуетничка интеграција на училишта од различни градови, на пример од Тетово и од Струмица.

На ова предупреди и комесарот за човекови права во Советот на Европа, Нилс Муижниекс по неколкудневната посета на Скопје, кој укажува дека македонските власти треба да спроведат политики што поттикнуваат интеграција и разбирање меѓу етничките заедници и промовираат социјална кохезија, бидејќи, како што вели расте поделеноста меѓу етничките македонски и албански деца, а сепарацијата раѓа недоверба, стереотипи и предрасуди.

-Охридскиот рамковен договор го запре конфликот, но не создаде кохезивно општество. Проeктите не можат да бидат замена за политиките, вам ви треба политика и долгорочна визија за тоа каде сакате да биде вашата земја за 10, 15 години. Севкупната атмосфера во сферата на човековите права е позитивна. Владата испраќа пораки за инклузивност, така што мислам дека сега е време да се отвори таа дебата за тоа каде ја гледате вашата земја на долг рок, изјави Муижниекс.

Како директен виновник за продлабочувањето на поделеноста меѓу етничките заедници, особено меѓу децата, тој ја посочува политиката.

Сепак, високиот комесар за човекови права, нема конкретен став за тоа дали спорниот закон за употреба на јазиците ќе придонесе за продлабочување на таа поделеност или обратно, но рече дека е чудно што уставноста на законот Венецијанската комисија ќе ја утврдува по донесувањето на законот, а не претходно, како што е вообичаената пракса.

-Искрено се сомневам дека мислењето на Венецијанската Комисија ќе ви помогне да утврдите дали овој закон го прави едното или другото. Затоа препорачувам да се консултирате со други меѓународни тела како што се Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Рамковната конвенција за национални малцинства на Советот на Европа зошто тие имаат повеќе искуства со интеретничките односи, јазичните политики итн и тие можат да ви бидат многу покорисни“, вели Муижниекс.

етнички групо интеграција Муижниекс Нилс Муижниекс Стратегија за образование 2018-2025
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.