Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со закани и притисоци се спречува бојкотот на наставата во Струмичкиот регион

0
By Томе Христов on January 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 21, 2015 16:56

Се поголем е бројот на наставници и професори кои се приклучуваат кон штрајкот во струмичките населени места, но истите се под големи притисоци и закани, велат од СОНК во струмичкиот регион.

Штрајк имало утрово и во ОУ „Гоце Делчев“ во општина Василево, но како што велат извори за НОВА, по притисоците и заканите од страна на директорката Емилија Котева и градоначалникот Ванчо Стојанов кој лично се појавил во училиштето наставата продолжила.

Градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов, ги демантираше ваквите информации и рече дека немало никакви притисоци.

„Немаше притисоци, бев во училиштето заради активностите поврзани со карневалот. Ако наставниците сметат дека тоа е притисок од моја страна, тогаш тоа е друго, изјави Стојанов.

И директорката на училиштето Котева рече дека наставата се одвива нормално, а дека посетата на градоначалникот заедно со општински инспектор била легитимна.

„ Градоначалникот на општината може да доаѓа во училиштето кога ќе посака, тој е татко на општината и тоа е негово право, денеска разговаравме за други работи, рече Котева.

По ваквата информација со цел да ја увиде ситуацијата во училиштето отишол и претседател на СОНК на струмичко-радовишкиот регион, Никола Џорлев.

„Бев во училиштето по информацијата дека и во Василево ќе има штрајк. Градоначалникот на Василево, беше таму заедно со општински инспектор, кој ми рече дека е заради активности околу карневалот. Нашите сознанија беа дека претходно има бојкот на наставата, но откако дошол градоначалникот, наставата продолжила“, вели Џорлев.

Од друга страна училниците во струмичките училишта и денеска беа празни, а наставниците и професорите седеа во своите кабинети. Но откако вчера почна штрајкот од директорите на училиштата се бараат веќе заменски професори. Директорите веќе побарале од Агенцијата за вработување во Струмица „листинг на кадри“ за привремено вработување на наставници и професори.

Поради штрајкот на наставниците и професорите, а согласно новите законски прописи, треба да обезбедат наставен кадар за периодот додека се штрајкува, за да може наставата за сите ученици се одвива нормално.

„Од наша страна е поднесено барање, сега чекаме од Агенцијата за вработување да ни достават колку кадар имаат за профилот што го бараме. Потоа откако ќе добиеме согласност од градоначалникот на општина Струмица, од Агенцијата треба да ни дадат листа со име и презиме, за потоа да се направи барање за секој поединечно за заменски наставник, вели Мирјана Перунковска, директор на ООУ „Сандо Масев“, Струмица.

Околу 400 одделенски и предметни наставници за основното образование и околу 240 професори за средното образование, во моментот имаат потреба училиштата во општина Струмица, бидејќи толку штрајкуваат.

Од СОУ„Јане Сандански“ велат дека приоритетот на штрајкот не е личниот доход на наставниците како што тоа сакало да се претстави низ медиумите. Додаваат дека тоа е дел од барањата, но оти постојат и многу други барања.

„ Не се согласуваме со начинот на кој се спроведува екстерното, не може целата работа на наставниците и учениците да се провери и евалуира преку еден тест од 20 прашања за 60 минути. Постојат многу други битни компоненти од наставата според кои ја базираме оценката на учениците. Во ниедна држава целта не се казните односно наградувањата на наставниците и никаде не постојат казни од една година, вели професорката, Вера Јанкова.

Таа додава дека учениците со воведувањето на екстерното тестирање стануваат паразити и нема да бидат заинтересирани за наставата во текот на учебната година, туку ќе се обидуваат да применат други методи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.