Штабот за одбрана на хрватски Вуковар објави денеска дека се собрани над 650 илјади пописи и дека тие ќе бидат предадени во Саборот кој треба да распише референдум против кирилицата.
„Ја известуваме хрватската јавност дека собравме и пребројавме 650 илјади потписи, а чекаме уште еден помал дел од книгата која треба да пристигне деновиве“, рече претседателот на Штабот, Томислав Јосиќ.
Тој изрази чудење што хрватскиот премиер Зоран Милиновиќ пред целата јавност врши притисок врз Уставниот суд, нешто што не би смеел да го прави.
„Ако претседателот на Саборот ја упати иницијативата за расправа за референдумот во процедура , Одборот ќе отвори расправа“, истакнува претседателот на парламентарниот одбор за Устав, Пеѓа Грбин.
“Станува збор за евидентно недопустливо прашање и нашиот претседател рече дека во однос на тоа мораме да постапиме. Моето мислење е дека ова прашање кое не може да биде предмет на референдум не е врзано со промена на Уставот кое е сега во процедура. Од авион е јасно дека се работи за недопустливо прашање“, изјави Грбин.