Published: Saturday, May 14, 2016 18:49
Голем број граѓани и денеска во 18 часот се собраа пред зградата каде што е сместено Специјалното јавно обвинителство, на уште едни антивладини протести.
Денешната рута е Собрание- МНР- Влада.
Пред Собранието, според транспарентите што ги носат демонстраните, ќе се побара негово скорешно заседавање.
Според најавите од платформата Протестирам, денеска протести ќе се одржат во уште пет градови.







