Собранието на Република Македонија на денешната 74. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.
Во петокот тој до Собранието ја достави својата оставка во која побара да биде разрешен на првата седница. Подоцна во соопштение појасни дека оставката ја дава од лични причини.
Кондарко, за член и претседател на ДИК беше предложен од СДСМ. Од таму соопштија дека консултациите за нов претседател се во тек.
Mеѓународниот експерт од ОБСЕ, Астрид Торс денеска ќе допатува во земјава за да помогне да се прочисти избирачкиот список.
На утршната седница ќе присуствува и Торс, од кого очекуваат да им предложи механизам за најдобра проверка на Избирачкиот список.
Доколку ефикасно не биде прочистен, СДСМ се закани дека нема да учестувава на следните избори.




