Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги донесе измените на Изборниот законик

0
By Ivana on September 15, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието во рамки на 52-та седница без расправа со 78 гласа  „за“,  два „против“ и еден „воздржан„  и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски претходно во образложението на законот по скратена постапка поднесен од пратениците  Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди, Борислав Крмов, рече дека зад предлогот стојат сите партии и од мнозинството и од опозицијата и оти станува збор за измени кои произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДХИР за предвремените парламентарни избори 2020 година.

– Со измените се опфатени сите делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со истите се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции. Генерално со сите предложени измени и дополнувања се опфатени и ќе имаат бенефит пред сè граѓаните како гласачи, кандидатите, но и институциите кои имаат свои надлежности во изборниот процес, рече Митревски, кој побара предлог-законот да се донесе во скратена постапка, бидејќи не е обемен.

Пратеникот Павле Трајанов од ДС истакна дека е потребна целосна реформа на Изборниот законик и забележа дека нема услови за рамноправен натпревар на партиите.

Во рамките, пак, на 50-тата седница Собранието попладнево едногласно со 80 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за облигациските односи, што по скратена постапка беше поднесен од пратениците Јован Митрески, Снежана Калеска Ванчева, Фиснике Бектеши Шаќири, Бастри Бајрами, Мирослав Јовановиќ.

Снежана Калеска Ванчева од СДСМ во образложението рече дека се работи за измена и дополнување на Законот за облигациони односи со која се потврдува начелото на кое се заснова законот – правичност, забрана за монополско здружување и еднаквост на сите страни.

-Со измените се исправа неправдата со која се соочуваа граѓаните кои мораа за неплатени обврски да плаќаат камата која многу пати го надминуваше износот на долгот. Сега каматата нема да може да ја достигне висината на главниот долг, рече Калеска Ванчева.

Во реплика Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека даваат целосна поддршка на законските измени и додаде дека тие нема да важат ретроактивно

-Да не ги доведеме граѓаните во заблуда. Каматите кои досега им се достигнати ќе треба да ги платат, а по донесувањето на измените каматата нема да може да го надмине главниот долг, рече Мицевски.

Димитар Апасиев од Левица, исто така во реплика, посочи дека законското решение е препишано од изборната програма на Левица.

-Ова што сега до донесуваме се вика камата на камата и е напишано во изборната програма на Левица во 2016 година, рече Апасиев и додаде дека се надева дека тоа ќе ја отвори за донесување закони против лихварство.

Во контра реплика Калеска Ванчева наведе дека и е драго што го имале во нивната програма во 2016 година, но посочи дека од 2020 година откако влезе Левица во Собрание имал можност да направи нешто, но не направил.

Пратениците во рамките на 50-тата седница потврдија и две законски решенија во прво читање и три автентични толкувања.

Изборен законик Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.