Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги донесе законите за амнестија

0
By Ана Василевска on March 20, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците во рамки на продолжението на денешната 106. собраниска седница ги изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија и Предлог на законот за амнестија, и двата по скратена.

За Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието вкупно гласаа 81 пратеник, и ниту еден воздржан и против. Во гласањето со  Бадентерово мнозинство „за“ гласаа 24 пратеници, ниту еден против и воздржан.

Предлог на законот за амнестија, по скратена постапка, пратениците го поддржаа со 76 гласа „за“, и еден „против“.

Со 84 гласа „за“, ниту еден против и воздржан пратениците го изгласаа Предлог на законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Собранието во рамки на денешната седница констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 86 став (1) од Законот за управни спорови, поднесено од пратеникот Јован Митрески не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието. Овој заклучок заедно со извештајот на Законодавно-правната Комисија на Собранието да се достави до пратеникот Јован Митрески.

Исто така, Собранието констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 1, 8 и член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос, поднесено од пратеникот Хусни Исмаили не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието. Овој заклучок заедно со извештајот на Законодавно-правната Комисија на Собранието да се достави до пратеникот Хусни Исмаили.

Собранието констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 24 став (2) точка б) од Законот за административни службеници, поднесено од пратеникот Снежана Калеска Ванчева не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието. Овој заклучок заедно со извештајот на Законодавно-правната Комисија на Собранието да се достави до пратеникот Снежана Калеска Ванчева.

За попладне Собранието ќе продолжи со работа по продолженијата на седниците 71, 79, 95, 97, 100 и 103.

Закон за Собрание предлог закон за амнестија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.