Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги изгласа новите министри

0
By Нова ТВ on November 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 11, 2015 13:51


Собранието на Република Македонија ги избра новите членови на Влада согласно Договорот од Пржино.

Од денеска официјално, министер за внатрешни работи е досегашниот генерален скеретар на СДСМ – Оливер Спасовски, а потпретседателката на СДСМ – Фросина Ташевска Ременски е министерка за труд и социјална политика. Нивни дополнителни заменици ќе бидат досегашните министри Митко Чавков за МВР и Диме Спасов за труд и социјала, кои вчера поднесоа оставки од досегашните министерски позиции.

Новоизбраните министри дадоа свечена изјава дека одговорно ќе ја вршат функцијата и дека ќе го почитуваат Уставот на Република Македонија.

Пополнета е и министерската позиција во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, по оставката на Иво Ивановски. На чело на ова министерство доаѓа Марта Арсовска Томовска.

За дополнителните заменици министри, исто така од редот на опозицијата, избрани се Александар Кирацовски за заменик-министер во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии, согласно Договорот и Протоколот.

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред пратениците рече дека очекува министрите да ја преземат целокупната одговорност од сега па натаму и нивното работење да биде согласно етичките и моралните норми.

-Очекувам да не ги кочат започнатите проекти на Владата, како и проектите од програмата на Владата. Очекувам да бидат посветени на решавање на проблемите на граѓаните на Република Македонија. Очекувам нивна посветеност и одговорно работење и однесување. Од моментот кога ќе бидат избрани министрите ја преземаат целокупната законска и политичка одговорност пред сите граѓани и како личности и како репрезенти на политичките партии и како членови на Владата.

Очекувам работење согласно законите и етичките и морални норми, без злоупотреби на министерските функции во партиско политички цели. Како премиер ќе продолжам будно да го следам работењето на сите членови на Владата, да соработувам со нив за интересот на граѓаните и интересот на државата и да реагирам соодветно во случај на прекршување на законите, рече Груевски во Собранието.

Координаторот на пратеничката група на опозицијата Горан Сугарески посочи дека денешниот избор е почеток на враќањето на довербата на граѓаните во институциите, опозицијата влегува во владата не за да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ туку исклучиво како нејзин коректив. Во месеците кои следуваат, рече тој, Груевски ќе видел како се работи транспарентно и одговорно.

-Денес не е време за еуфорија. Опозицијата и СДСМ е спремна да се фати во костец со проблемите, не да биде власт. Нашата цел е да обезбедиме гаранции и услови за фер избори во кои правото на глас нема да биде уценето. Првиот чекор е демократизација на институциите за слободно гласање, преку институциите ќе гарантираме дека МВР ќе работи за граѓаните,а не по принципот МВР-ВМРО. Наодите во Извештајот на Европската Комисија ја потврдија грдата реалност за Македонија. Потврдено е дека во Македонија се применувала селективна правда и тоа мора да се промени, рече тој.

Независните пратенички Роза Топузова-Каревска и Солза Грчева изразија сомнеж дека со ваква Влада ќе се стави крај на владеењето на Никола Груевски. Според нив да се влезе во Владата на Груевски значи да се подели одговорноста со него за лошите политики.

–Во оваа техничка Влада требаше со стручното знаење со експертите да овозможи да имаме фер ид еморкатски избори. Оваа Влада, за жал не верувам дека ќе ги исполни очекувањата на граѓаните и дека има капацитет да допринесе да се стави крај на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Не е целта да високите партиски функционери бидат ставени во оваа Влада која требаше да се нарече техничка затоа што со тоа СДСМ ја презема целата одговорност за она што ќе случува во наредните 6 месеци. Токму поради ова ќе гласам воздржано, истакна Топузова-Каревска.

– Тргнува бран бегалци од 3 милиони, а ние ќе дискутираме до мај со избори, со Влади, зборуваме дека сме државотворни, дали Македонија ќе ја дадеме као залог со врзани потписи, со вета, по мене целиот тој концепт е опасен, бидејќи не очекува страшна ситуација и немојте да велите дека влегувате во Влада само за изборите, ние не треба да имаме половичен министер, треба да имаме цел министер бидејќи ќе треба да се соочи со најголемиот предизвик со кој Македонија се соочила, се избра ли тајмингот добро, министерството требаше да го водат професионални луѓе, без да ја спорам личноста на човекот кој е предложен, меѓутоа професионалност е нужна поготово во овој жесток момент на Македонија, рече Грчева.

Од ДПА истотака сметаат дека со тоа што ДУИ дозволила право на вето на дополнителните заменици-министри не оди во прилог на Албанците.

-Ние како ДПА продолжуваме и понатаму да бидеме скептични, меѓутоа ќе дадеме согласност за договорот, но за другото се разбира дека ќе продолжиме да бидеме ваши противници, особено сега кога ве гледаме заедно. За ДУИ фактот што тие денеска легитимираат една крајна дискриминација што се случува е катастрофален факт. Фактот што тие прифатија нивните министерски заменици да немаат право на вета покажаа во каква состојба се тие и во каква состојба ги довеле Албанците во Македонија. Сите се согласуваат дека Охридскиот договор не се имплементира меѓутоа да видиме кој е одговорен за тоа, рече Имер Алиу од ДПА.

Изборот на министрите и нивните заменици го поддржаа од партијата ДОМ со цел да се обезбеди мирна разврска на политичката криза. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека нема да дозолат продолжување на политичката криза и нарушување на безбедноста и економската состојба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.