Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги усвои измените и дополнувањето на Законот за државјанство

0
By Ivana on July 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство. За измените и дополнувањето вкупно гласаа 89 пратеници, од кои 57 „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“. Со измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на Законот.

Претходно, во расправата по предлог-измените и дополнувањето на Законот, пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека на ова прашање не треба да се гледа како проблематика која ја опфаќа етничката припадност, туку треба да се гледа правно.

– Во интерес на сите граѓани е да се донесе законско решение, кое ќе може да ги реши проблемите на лицата кои се засегнати со оваа проблематика и ќе ги гарантира сите уставни и правни норми на државата, рече Стојановски.

Тој потенцира дека законското решение треба да биде решено со консензус, а не со неприфаќање на забелешките на опозицијата.

Пратеничката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова забележа дека законот на пленарна седница стигнал со кршење на Деловникот, на сите практики и процедури.

– Комисијата за европски прашања, повторно демонстрираше неевропски вредности. Со европско знаменце, по скратена постапка, Законот за државјанство беше протуркан со прекршена деловничка процедура. Иако законот беше прво предложен од една политичка партија и беше ставен на Комисијата за безбедност и одбрана, тој одеднаш осамна како владин предлог. Предлагачот Владата заборави дека претходно го критикуваше законот, за подоцна критикуваните решенија да ги претстави како свои, рече Панова.

Според неа, Комисијата за европски прашања демонстрирала моќ, а шесте суштински амандмани им биле одбиени како неуредни од страна на претседателот на Собранието.

Панова рече дека законот не е во согласност со Европската конвенција за државјанство.

– Сите лица кои немаат државјанство треба да го добијат. Јас сочувствувам со сите кои живеат овде а кои немаат државјанство. Проблемот со овие лица е што тие можеле да добијат државјанство, но надлежните не знаеле како да ги применуваат постојните прописи. Лицата треба да добијат државјанство со одредени предуслови, а не како сега само врз основа на една сметка за болничко лекување биде дадено државјанство, рече Панова, која додаде дека сега со измените и дополнувањето на законот се создаваат предуслови за злоупотреби.

Реплицирајќи и на Панова, Халил Снопче од Алијанса на Албанците рече дека на говорницата се пласираат дезинформации.

– За жал, вие не сте го прочитале Законот. Вие кажувате само со еден документ може да се земе државјанство. Се работи за околу 15 документи и да појасниме за јавноста, тоа се однесува за лица кои до 1990 живееле во државата, а кои потоа го изгубиле државјанството. Еден период имале југословенско државјанство, а потоа го изгубиле. Затоа се тие документи Панова, реплицираше Снопче.

По усвојувањето на Законот, претседателот на Собранието, Талат Џафери даде пауза од еден час.

државјанство закон Собрание усвоен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.