Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ја донесе Фискалната стратегија 2026-2030

0
By Marija Todorovska on June 17, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска во рамки на 53. пленарна седница ја донесе Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2026 – 2030 година и измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, а заврши расправата за измените на Изборниот законик и дополнително ќе се гласа и за измените и дополнувањата на Законот за основното образование.

Фискалната стратегија ја образложи заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, кој кажа дека документот ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Фискалната политика за периодот 2026-2030 година ќе биде насочена кон подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација. Клучна цел ќе биде подобрување на управувањето со јавните финансии, како и одржување на високо ниво на капитални расходи кои ќе ги поддржат долгорочните економски приоритети.

Клучни елементи на фискалната политика во наредниот среднорочен период ќе бидат фискална консолидација и преземање на мерки со цел да се обезбеди фискална одржливост на среднорочен период, потоа дисциплина во управувањето со јавните средства односно фискална дисциплина, намалување на сивата економија и поголема наплата на средства во буџетот на државата и општините. Поддршката на економијата ќе подразбира континуирана поддршка за економскиот раст преку инвестиции во инфраструктурни проекти, со што ќе се создадат услови за раст на бизнисите и создавање нови работни места. Редизајнирање на структурата на јавните финансии односно одржување високо ниво на капитални расходи за постигнување на планираниот екононмски раст.

Еден од елементите ќе биде и засилена транспарентност и отчетност: Зголемена транспарентност и отчетност во јавните финансии, со што ќе се унапреди ефикасноста на буџетските расходи.

Во периодот 2026 – 2030 година, даночната политика ќе биде во насока на обезбедување одржлив економски раст и развој, притоа обезбедувајќи правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи. Како што се наведува во документот, целта е преку зголемена дигитализација да се намали сивата економија и да се воспостави ефикасен даночен систем со цел секој праведно и на праведен начин да ги плаќа своите даночни обврски. Ова ќе овозможи задржување на ниските даночни стапки кај другите даноци, а во исто време и поголем износ на средства за капитални инвестиции со околу 5,2 отсто од БДП, даночни ослободувања, субвенции и стимулации на работењето на домашниот приватен сектор и граѓаните.

Политиката на управување со јавен долг ќе биде насочена кон обезбедување на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите што достасуваат како резултат на задолжувањата од претходните години и за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата. Истовремено, буџетскиот дефицит како процентуално учество во БДП се намалува од 4 проценти во 2025 година, на 3,5 во 2026 година, 3 во 2027 година, 3 во 2028 година, 2,8 во 2029 година и 2,8 проценти во 2030 година. Воедно, примарното буџетско салдо има тренд на намалување, и тоа од 2 отсто од БДП во 2025 година на 1,5 во 2026 година, 0,9 во 2027 година, 1 во 2028 година, 0,7 во 2029 година и 0,6 отсто во 2030 година.

Пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска рече дека од Фискаланата стратегија може да се предвиди каков ќе биде ребалансот на Буџетот. Лукаревска цитирајќи го Евростат рече дека Македонија има најниска минимална плата во Европа, а позади е само Албанија, како и дека има најнизок стандард на куповна моќ.

Ова се последиците од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, која упорно одбива да ги прифати мерките за покачување на платите на СДСМ, како и за цените на прехранбените производи, рече Лукаревска, која изнесе низа ставови во однос на голем дел финански параметри и проценки.

Реплицираше Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, според кого, се случува финансиска и фискална консолидација затоа што претходно се случуваше хаос, заради тоа што СДСМ ги изгуби изборите.

За 12 месеци просечната нето плата е зголемена за 10, 5 проценти, 33.800 пензионери добиваат зголемување на пензиите од 26 до 33 проценти, имаме рекордна невработеност односно рекордна вработеност – за три квартали 10.000 луѓе добиле рабтно место, рече меѓу другото Стојановски. Тој ги наброја странските директни инвестиции, зголемување на платите во здравство и полицијаците, градење на нови патишта, поголема наплата на даноци,…

Во рамки на 53. пленарна седница дебата предизвикаа и измените на Изборниот законик, за коишто заврши општата расправа и дополнително треба да се гласа. Мнозинството смета дека треба да се донесат и дека со нив им се дава простор на независните кандидати да се кандидираат на локалните избори, додека опозицијата обвинува дека се носат без да биде консултирана

Собрание фискална стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.