Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ќе одлучи дали новиот состав на антикорупциска ќе биде експертски или партиски

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 20, 2018 17:10

Министерката за правда  Дескоска смета дека не треба да се брза со изборот на нови членови на Комисијата за антикорупциска додека не се воведат новите критериуми и не биде изгласан новиот Закон. Сепак таа додаде дека  конечната одлуката дали ќе се  продолжи со селекција на кандидатите по стариот Закон не е во нејзина  надлежност, туку е во надлежност на Собранието.

„Препораките коишто ги добиваме од Европската комисија е дека нас ни треба комисија којашто ќе биде избрана по највисоки критериуми, а овие препораки што ги добивме се однесуваат токму на процесот на селекција. Моја првенствена цел во рамките на Министерството за правда е да ги внесеме највисоките европски стандарди коишто ни ги сугерираат од Европската унија и Венецијанска комисија“ рече Дескоска.

Во Министерството за правда  подготвиле амандмани за забелешките од европските експерти и ги испратиле до Европската комисија.

„Направивме амандмани на Законот, а целиот текст е повторно пратен на Европската комисија, очекуваме повратен одговор. Ни ветија дека ќе биде што е можно поскоро, со цел да можеме да ја изодиме постапката во рамки на Собранието, за донесувањето на законот да заврши овој месец според нашиот план. Се зависи од тоа кога ќе добиеме повратен одговор на амандманите коишто ни ги пратија“ рече Дескоска.

Европските експерти сугерираат Антикорупциската комисија да брои 5 наместо досегашните 7 члена. Сметаат дека тие треба да ја водат целата прекршочната процедура, а Судот да одлучува само по тужбите.  Понатаму, имале сугестии и околу делот на селекција на кандидатите и побарале да се обезбеди  сигурност дека  комисијата за избор и именување во Собранието ќе гарантира дека ќе ги избере оние коишто се најдобрите.

Во Министерството за правда изработиле две алтернативи и ги испратиле до Европската комисија.

Комисијата за спречување корупција нема избрано нови членови   од март годинава, кога пет члена на ДКСК  поднесоа оставки.

Пред два дена, Комисијата за избори и именувања се обиде да утврди предлог-состав како до сега, со договор меѓу партиите, но седницата беше прекината.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.