Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ќе одлучува за одговорноста на Иванов за аболицијата

0
By Нова ТВ on June 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 13, 2016 10:31

Предлогот за импичмент на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поднесен од пратениците на СДСМ, поддржан од пратеничката група на ДУИ, денеска ќе биде разгледан на пленарна седница во Собранието.

Комисијата за оваа намена минатата недела го оцени предлогот како неоснован. За да помине на пленарна седница, предлогот треба да го поддржат 82 пратеници. Собранието доколку го изгласа извештајот, за Иницијативата за импичмент треба да се произнесе и Уставниот суд.

Рената Дескоска од СДСМ при образложувањето на предлогот истакна дека основната причина за поднесувањето на Иницијативата е отсуството на секаква одговорност и арбитрарното однесување на актуелната власт.

Таа истакна дека претседателот Иванов ги злоупотребил својата положба и овластувањата и ја пречекорил својата надлежност.

– Претседателот прекрши повеќе членови од Уставот, членот 8 став 1 алинеја 3 и 4, понатаму принципите на владеење на правото и поделба на власта од членот 9, членот 68 став 1 алинеја 1 и 8, понатаму членот 84 и членот 106, рече Дескоска.

Одлуката на Иванов е основана и законска, особено поради фактот што иако го поддржавме СЈО, тоа почна да работи пристрасно и да ја игнорира институцијата Собрание која го формираше ова обвинителство, истакна Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ со оваа правно неиздржана иницијатива се обиде да ѝ нанесе удар и на последната институција во државава која не ја нападнаа, а тоа е Претседателот на РМ. Верувам дека тие не се ни свесни во каков лавиринт ја воведоа државата во време на безбедносни предизвици поради бегалската криза во која претседателот Иванов имаше голема улога за справување на земјата со бранот на бегалци, рече Мукоски.

Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај Иванов ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Тој им порача на преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив. Потоа на 6 јуни, Иванов ги поништи и останатите одлуки за помилување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.