Собранието наскоро треба да одржи надзорна расправа на која ќе се дискутира за поплавите од 6 август. Ваква одлука донесе собраниска Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Датумот на расправата, како што инфомрира претседтелот на Комисијата Панче Орцев од СДСМ, дополнително ќе биде одреден на координации.

Тој од името на предлагачот – пратеничката група на СДСМ, појасни дека целта на барањето за надзорна расправа е да се дебатира за пропустите и одговорностите при справувањето со поплавите што го зафатија скопскиот и тетовскиот регион на 6 август годинава.

За ВМРО-ДПМНЕ катастрофата која се случи во скопско  и тетовско е последица на временска непогода. Тие иако ја прифатија иницијативата, сметаат дека СДСМ преку барањето на оваа расправа собира политички поени.
„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како досега така и сега поддржува дебата и ќе направи се што е во можност, преку дебата и преку постапки во Собранието да им помогнеме на граѓаните во погодените подрачја, иако сме свесни дека СДСМ како и на пленарната седница така и сега единствено што сака да постигне е политички да ја злоупотреби оваа тема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Согласно Деловникот, надзорна расправа треба да се одржи најдоцна за 10 дена од донесувањето на одлуката за најзино одржување.