Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ќе се подготвува и за алтернативни начини за одржување седници

0
By Нова ТВ on September 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието работи на барање алтернативен начин за одржување седници во вонредни услови, односно онлајн седници и гласање поврзано со пандемијата со Ковид-19, состојбата која според последните проценки ќе потрае и следните две години.

Собранискиот претседател Талат Џафери на брифинг со новинарите истакна дека за утврдување на таквиот алтернативен начин на работа ќе бидат потребни два до три месеци, па сега засега седниците ќе се одржуваат во салата со купола, а гласовите ќе се бројат рачно.

– Како претседател на Собранието обврзан сум да размислувам за функционалноста на Собранието и во редовна ситуација и во вонредна ситуација и затоа на првите средби на координација ја изнесов идејата за размислување по однос на алтернативните можности за работа на Собранието. За жал, таа идеја се искористи да се спинува како обид на мнозинството, на претседателот за да се одбегне редовната работа на Собранието и со тоа да се надополни недостигот можен на кворум и со тоа фактички од дома да можат да работат пратениците. Не, не е таа идејата, потенцираше Џафери.

Основната идеја, според него, е Собранието да работи во нормални услови како што е пропишано, но факт е дека во овие три децении немаме пропишано работа на институцијата и функционирање на институцијата во вонредни услови.

– Пандемијата ни покажа дека е неопходно да се има во предвид и алтернативна можност за работа во такви услови. Денеска е пандемија, утре може да биде друга причина за алтернативна работа на Собранието, задутре може да има трета причина – може да биде пожар, може да биде земјотрес, може да биде не знам што, кое ќе предизвика вонредна состојба и во такви вонредни околности како ќе работи Собранието, кај ќе работи Собранието. Затоа велам дека алтернатива за функционалност на институцијата, за институцијата, за граѓаните треба да имаме, а не никако како што се обидува тоа да го пренесат и да го претстават како обид на мнозинството да се надополни можното немање кворум, потенцира Џафери.

За в понеделник е предвидена собраниска седница на чиј дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа и верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.