Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието конституирано: Изборот на претседател штом се создадат услови

0
By Нова ТВ on August 4, 2020 ВЕСТИ
Фото: sobranie.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија и официјално го доби десеттиот парламентарен состав. Верификациската комисија на денешната конститутивна седница ги верификува мандатите на 120. пратеници кои до место во законодавниот дом стигнаа на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Јагода Шахпаска, претседателката на Верификациската комисија, ја нагласи констатацијата оти нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден пратеник. На седницата на Комисијата беше разгледан и извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) за изборите врз основа на кој и беше донесен предлог.

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржра во салата „Голема купола“ согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. На оваа седница од 120-те пратеници не присуствуваа само тројца.

Две од четирите точки на усвоениот дневен ред на свечената седница, меѓу која и за избор на претседател на Собранието, е оставена за, како што најави собранискиот спикер во заминување, Талат Џафери, кога ќе се создадат услови.

Функцијата претседател на Собранието и припаѓа на партијата/коалицијата со обезбедено мнозинство за формирање на влада, процес кој формално почнува денеска. Собраниските седници дотогаш ќе ги води Џафери, а во негово отсуство пратениците Горан Мисовски и Флоријан Бесими.

„На претседателот на Владата и на членови на Владата на кои денеска им беше верификуван мандатот за пратеници, согласно член 8 став 1 од изборниот законик, им преставуваат функциите во Владата. Заради обезбедување на континуитет во работата на Владата на РСМ, според член 93 став 5 од уставот, Владата останува на должност до изборот на нова Влада“, рече досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Претседателот на државата, според Устав, во рок од десет дена по конституирање на Собранието го доверува мандатот за состав на Владата на кандидат на партија, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, поднесува програма до Собранието и го предлага составот на Владата која се бира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирање на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија.

На изборите на 15 јули, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.

конститутивна седница Македонија Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.