Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието на Република Северна Македонијна ноќва ја избра новата влада на Република Северна Македонија на чело со премиерот Христијан Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on June 24, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 24, 2024 00:50

По дводневна дебата Собранието на Републоика Северна Македонија со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани ја изгласа новата Влада на Републиока Севенна Македонија на чело со новиот премиер на Република Северна Македсонија Христијан Мицкоски.

Тој  е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на Македонија. Во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери. Мицкоски во заклетвата го користеше уставното име Република Северна Македонија, претходно појаснувајќи дека придавката Северна за него е срамна, но во моментов е немоќен.

Ќе ја кажам срамната придавка пред заклетвата затоа што тоа мене лично ме потсетува на срамот што и го нанесовте на мојата татковина, на моето семејство и моите неродени внуци и на тие по нив. И да ќе правам се додека сум жив политички и како човек се што е во моја моќ оваа неправда да ја исправам, за жал во овој момент сум немоќен и во овој момент и јас како човек ќе морам да капитулирам пред вас и да ја кажам таа срамна придавка затоа што таа за жал е дел од законот и Уставот што морам како претседател на владата да ги почитувам, рече Мицкоски.

Новиот премиер рече и дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат.

Состав на Владата:

Министрите на ВМРО ДПМНЕ

Владо Мисајловски, министер за одбрана
Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер
Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер
Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии
Сања Божиновска, министер за енергетика
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
Весна Јаневска, министер за образование и наука
Златко Перински, министер за локална самоуправа
Зоран Лутков, министер за култура и туризам
Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
Борко Ристовски, министер за спорт
Лупчо Димовски, вицепремиер за политички систем
Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите

Министрите на коалицијата „Влен“

Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија
Арбен Таравари, министер за здравство
Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади
Фатмир Лимани, министер за економија и труд.
Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење
Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции

Министрите на „ЗНАМ“

Игор Филков, министер за правда
Горан Минчев, министер за администрација.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.