Published: Tuesday, November 12, 2013 09:26
Кандидатурата на Рилкоски денеска ќе биде разгледана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, со што и формално продолжува постапката за нов претседател на ДИК.
Никола Рилкоски е единствениот кандидат што се пријавил на огласот за претседател на Државната изборна комисија што го распиша Собранието, а најголемата опозициска партија СДСМ објави дека тоа е нејзиниот предлог за прв човек на највисокото изборно тело во земјата.
Предлогот Рилкоски да биде претседател на ДИК ќе биде на дневен ред на првата наредна нова седница на Собранието закажана за 21 овој месец.
Никола Рилкоски e дипломиран правник, пратеник на СДСМ од 2006 до 2008 година и претседател на партискиот огранок во Охрид.




