Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниска седница за избор на нови министри по предлог на Груевски

0
By Нова ТВ on May 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2015 08:13

Собранието на Македонија на денешната седница треба се изјасни за предлогот на премиерот Никола Груевски за избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, откако синоќа Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски поднесоа оставки. Синоќа оставка поднесе и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.

Тие во образложението за нивните оставки наведуваат дека си заминуваат поради длабоката политичка криза во земјата и објавените прислушувани разговори од страна на опозицијата.

Премиерот Груевски за нов министер за внатрешни работи го предложи Митко Чавков, сегашен директор на Бирото за јавна безбедност, а за нов министер за сообраќај Владо Мисајловски, директор на Јавното претпријатие за патишта.

Јанкулоска во оставката истакнува дека во изминатиот период работела професионално и посветено раководејќи се од интересите на граѓаните и на државата.

– Почитуван претседателе Груевски,

Најнапред сакам да Ви се заблагодарам за довербата што ми ја дадовте да бидам дел од Вашиот тим и да раководам со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во изминативе години, не штедејќи време и енергија, работев професионално и посветено, секогаш раководејќи се од интеерсите на граѓаните, и пред се, раководејќи се од интересот на Република Македонија.

Во овие тешки денови, кога Македонија е во длабока политичка криза, ценам дека е време да се повлечам, верувајќи дека моето повлекување од функцијата министер за внатрешни работи, ќе придонесе за нејзиното надминување, стои во оставката од министерката Јанкулоска.

Образложението на оставката на Миле Јанакиески говори за прислушкуваните ленти, за кои вели дека се сечени, лепени, монтирани и не сака да влијае на постапката.


Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков за одлуката за оставка Мијалков писмено го известил премиерот Никола Груевски. Мијалков во оставката истакнува дека продолжува да дејствува согласно своите принципи и убедувања. – Секогаш ќе бидам тука за Македонија и за нашиот народ, вели Мијалков.

Во писмото до Груевски се вели:

– Почитуван Премиер,

Најголема чест во животот е да служиш на својата татковина Македонија на одговорна позиција.

Позицијата што ми беше доверена ја извршував патриотски и одговорно, пред се во интерес на земјата и граѓаните, и секогаш смело и одлучно пристапував кон секоја задача.

Граѓаните најдобро знаат дека Македонија има бројни успеси во полето на кое дејствував. Дел од тие успеси беа и вистински мит во разговорите меѓу граѓаните, и ги говореа со гордост

Сакам да ја истакнам мојата огромна благодарност за довербата и што ми овозможивте да бидам дел од тимот, кој носи напредок за нашата држава и кој ги брани националните и државни интереси.

Вие ја имате мојата полна поддршка. Во интерес на Македонија, гледајќи дека доколку го направам ова ќе помогнам во надминување на политичката криза, која ја наметна опозицијата со своето недржавничко однесување, а свесен дека вистината и аргументите се на наша страна и дека сето тоа со тек на време ќе станува уште појасно, сакам да информирам дека поднесувам оставка на позицијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Со пиетет им благодарам на сите припадници на безбедносните сили на Република Македонија, со кои работев сиот овој изминат период и до сите други институции за целиот нивен ангажман, посветеност, храброст и сила. Тие се нашата главна поткрепа, тие се нашата гордост и Македонија може да смета на нив.

Продолжувам да дејствувам согласно своите принципи и убедувања и секогаш ќе бидам тука за Македонија и за нашиот народ. Познавајќи ја мудроста на нашиот народ, убеден сум и знам дека вистината ќе победи, предизвиците ќе бидат надминати, а Македонија и понатаму ќе продолжи да чекори напред со тимот кој никогаш не го изневерил народот.

Голема благодарност до граѓаните на Македонија, кои денеска искажаа огромна поддршка за полициските сили, таа поддршка значи многу, мотивира и е во вистински момент, и сакам на крај на овој мој допис да истакнам дека, секогаш ќе бидам во првите борбени редови кога тоа ќе биде потребно за татковината, стои во оставката на Сашо Мијалков до премиерот Никола Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.