Предлогот за составот на новиот владин кабинет кој го достави мандатарот, Димитар Ковачевски, во следните два дена ќе биде пред пратениците во македонскиот парламент.

Почетокот на седницата е закажан за 11 часот денеска, а за избор на новиот владин состав треба да гласаат најмајку 61 пратеник.

Собраниската седница трае најмногу два дена, а на крајот на вториот, односно утре пред полноќ треба да се одржи гласањето.

Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.

Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што ѝ припадна на Алтернатива.