Денеска на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да се одреди новиот состав на Комисијата за верификација на факти.
Покрај кандидатурите на сите догешни членови на комисијата на конкурсот што заврши минатата недела пристигнале 24 кандидатури.
Меѓу кои се Јанаќи Витановски, поранешен член на комисијата по предлог на СДСМ и Ристана Лалчевска, поранешен пратеник од Либерална Партија. Двајцата се пријавиле за функцијата претседател на Лустрациска, а во игра е и досегашниот претседател Томе Аџиев.
Витановски, заедно со Благоја Гешовски, како лустратори предложени од СДСМ пред една година поднесоа оставки затоа што не се согласуваа со начинот на функционирање на комисијата, а Собранието нивните оставки ги усвоени дури минатиот месец.
Лустраторите беа избрани едногласно во 2009-та, а нивната работа низ целиот процес ја следеа низа котраверзи.
Освен членовите на Државната комисија за верификација на факти, денеска се очекува да биде познат и Предлогот за тоа кој ќе биде претседател и заменик на оваа Комисија.
Изборот на членови на Комисијата за верификација на факти се врши во Собранието на Република Македонија.
Претседателот на комисијата Томе Аџиев чиј мандат истекува денеска ќе одржи прес-конференција за сработеното во изминатите пет години.




