Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјалните мрежи и кризата во Украина

0
By Нова ТВ on August 8, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 8, 2014 12:58

Интернетот се‘ повеќе станува платформа за украинскиот конфликт, таму можат да се видат снимки: како возат тенкови, се вршат рации, апсења. Само на Јутјуб под поимот Украина има речиси 9 милиони видеа, а ако се напише со украинска кирилица, на располагање излегуваат уште 6 милиони. Покрај исечоци од регуларните информативни емисии, се среќаваат се‘ побројни аматерски снимки-тетерава камера, често без никаков коментар, а сепак се кликнувани илјадници пати.
Анализа на Дојче веле

Во посебно драстичните снимки од последно време спаѓа видеото за напад на кварт во градот Доњецк, во кој, се тврди, загинале девет лица. Погодени се повеќе станбени згради, од едно училиште се гледа пламен.
„Западниот дел на Украина треба да го види ова, Русија да го види. Ова не е телевизија, ниту руска, ни украинска. Јас, обичен човек, апсолвент во ова училиште, ви ја прикажувам вистината“, гласно зборува снимателот, како што пренесува „Зиддојче цајтунг“.

Весници за постарите, интернет за помладите

Социјалните медиуми се‘ повеќе добиваат на значење, снимки како оваа го преплавуваат интернетот. Тие не само што се дополнителни информации при непрегледната ситуација, туку и го менуваат начинот на работа на класичните медиуми, објаснува писателот и поранешен уредник во весник, Андреј Курков. И во Украина, како и во другите земји, во минатите години се случи медиумска револуција: весниците ги читаат претежно уште постарите луѓе, кои патем радо посегаат по бесплатните изданија. Тиражите паѓаат.
„Весниците практично не играат веќе никаква улога“, вели Курков за Дојче веле.
Медиум број еден останува телевизијата со своите големи телевизиски станици „Интер ТВ“ или „Еден плус еден“. Според студија на Меѓународниот републикански институт, американска непрофитна организација, 91 процент од анкетираните Украинци информациите ги добиваат од телевизијата, првенствено од различни политички контактни емисии. Притоа, доминира проевропската перспектива, вели Курков.

Мобилизација и информирање

„Токму младите и модерните луѓе вести читаат на интернет, но во секој случај речиси исклучиво на руски и украински“, истакнува Курков. Притоа, странските станици и портали речиси не се земаат во предвид.
„Во меѓувреме, кај младите луѓе поголема улога од телевизијата играат социјалните медиуми“.
Но, од интернет не се информираат само корисниците, и другите медиуми ја користат понудата, медиумите ги вклопуваат аматерските видеа од Јутјуб во своите емисии, се разбира, ако не се премногу брутални.

Првенствено во времето меѓу ноември 2013 и крајот на април 2014 година, за време на протестите на Мајдан во Киев, слично како и при Арапската пролет, видеата беа користени за мобилизација на населението. Во видео-пораките активистите и‘ се обраќаа на јавноста во светот и бараа помош. Западните медиуми ги користеа информациите од Фејсбук и Твитер како аргументи, покрај другото, и поради тоа што за многумина новинари беше премногу ризично да престојуваат самите во кризниот регион. Откако конфликтот се премести во Источна Украина, интернетот е главен извор на информации, вели Курков. На специјални платформи сега се врши повикување на донации и помош за украинската армија и ранетите војници.

Што е вистина?

Слично како и кај традиционалните медиуми, и на интернет има куп пропаганден материјал, предупредуваат експертите. Според студија на Меѓународниот републикански институт, објавена во мај, 42 проценти од Украинците се потпираат на информациите од интернет. Притоа, постои оправдана причина за скепса. Така, „Вконтакте“, еден вид руски Фејсбук, е место каде се пласира голема количина погрешни информации, оценија експерти за медиумите за време на последниот „Глобал медиа форум“, конференција во организација на Дојче веле во Бон. Во тоа на пример спаѓаат манипулирани фотографии. Еден од најдрастичните случаи: она што „Вконтакет“ го прикажуваше како бомбардиран станбен дел од Славјанск, всушност бил снимка од железничка несреќа во канадската провинција Квибек.
За новинарот Курков проблемот меѓутоа не е толку страшен:
„На интернет има куп погрешни информации, но луѓето кои навистина трагаат по вистината, се доволно искусни за да ги откријат измамите“. Веќе има нараснато генерација на високо заинтересирани „стручни гледачи“ и „стручни читачи“, кои можат веднаш да ја препознаат пропагандата и соодветно да ја коментираат на интернет, истакнува Курков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.