Граѓанската иницијативата 8-ми Септември бара од Владата и ЗЕЛС социјално загрозените семејства да бидат ослободени од сметките за вода и комуналии, како и сите членови на социјално загрозени семејства да имаат бесплатен јавен превоз во своите општини.
Овие мерки нема да имаат значителни импликации врз буџетите на општините, сметаат од оваа граѓанска иницијатива.
Сиромаштијата во Република Македонија од година во година е се поголема, од тука ја користиме оваа прилика уште еднаш да го поддржиме утрешниот протестот на Стечајните работници. Ние од 8-ми Септември исто така размислуваме да орагнизираме протестен марш против сиромаштијата со кој ќе ги повикаме државните институции да престанат да трошат пари на непродуктивни трошоци (споменици и згради од СК 2014) а да ги пренаменaт кон најсиромашните граѓани: социјалци, стечајци и семејства во ризик од сиромаштија, се вели во соопштението на Граѓанската иницијатива 8ми Септември.




