Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софија: Ако козата лаже рогот не лаже – бугарското МНР му одговори на Мицкоски дека јазикот е внатрешно прашање на Северна Македонија и не претставува тема на билатералните односи

0
By Zoran Ivanov on January 5, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 5, 2026 10:08

 

Прашањето на кој јазик треба да биде изготвен Акцискиот план за правата на заедниците е внатрешно прашање на Северна Македонија и не претставува тема на билатералните односи, соопштија од Министерство за надворешни работи на Бугарија, реагирајќи на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со овој документ.

Реакцијата од официјална Софија следува по тврдењата на Мицкоски дека Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците бил изготвен уште пред неколку месеци, со вклученост на европски експерт, но дека не бил прифатен од Бугарија.

Премиерот викендов изјави дека единствената суштинска забелешка од Софија се однесувала на фактот што документот бил напишан на македонски јазик, што, според него, покажува дека проблемите што Бугарија ги има со земјава се подлабоки и не се поврзани со исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во Европска Унија.

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското Министерство за надворешни работи се наведува дека документот ќе го спроведуваат институциите на Северна Македонија кон сопствените граѓани и дека, според таа логика, тој треба да биде напишан на јазик што е разбирлив и достапен за нив. Од Софија оценуваат дека одлуката на Скопје нацрт-планот да им го претстави на граѓаните на англиски јазик е тешко објаснива, особено ако целта е документот да биде реално и целосно применет.

Бугарското МНР во исто време истакнува дека Акцискиот план за правата на заедниците е чекор што треба да следи по внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, што сè уште не е реализирано, а кое, според Софија, е предуслов за отворање на преговорите за пристапување во Европската Унија.

Во реакцијата се поздравуваат и изјавите на премиерот Мицкоски дека во документот ќе бидат вградени сите други забелешки на бугарската заедница, при што од бугарската дипломатија наведуваат дека очекуваат тој да го исполни даденото ветување.

Мицкоски, пак, претходно нагласи дека ниту една друга земја членка на ЕУ, ниту пак некое малцинство во Северна Македонија, не реагирало на содржината на Акцискиот план и дека единственото прашање што било проблематизирано е јазикот на кој е напишан документот.

Премиерот додаде дека во изработката на Планот биле вклучени и предлози од меѓународни експерти, меѓу кои и од Италија, а на барање од Брисел документот бил доставен до Бугарија и пред официјалниот рок, како гест на добра волја. Според него, актуелната ситуација уште еднаш покажува дека спорот не е поврзан со заштитата на малцинствата, туку со подлабоки политички несогласувања.

Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците е еден од чекорите што Северна Македонија треба да ги реализира во рамки на пристапниот процес кон Европската Унија, а дебатата околу него повторно ги актуелизира сложените односи меѓу Скопје и Софија. објави Скопје1.мк

бугарско јазикот Мицкоски МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.