Протести под слоганот „Слобода за политичките затвореници“ се одржуваат вечерва во главниот бугарски град но и во Варна и Пловдив.
Демонстрациите се организирани од партијата на Асен Василев „Продолжуваме со промените“ и бараат итно ослободување на градоначалникот на Варна, Благомир Коцев и на поранешниот заменик-градоначалник на Софија, Никола Барбутов.
Демонстрантите се исто така против тоа градоначалникот Коцев да остане притворен и да управува со својот приморски град Варна од притвор.
Во Софија луѓето го блокираа „Плоштадот на независноста“ и во зголемено присуството на полицијата, се упатија кон до „Орлов мост“.
Некои од демонстрантите се упатија и кон седиштето на Движењето за права и слободи.
Од говорницата, поранешниот копретседател на Партијата на промените, Кирил Петков, објави дека местото каде што се префрлени Коцев и Барбутов е најстрашното место за затворениците во Бугарија.
Оваа Бугарија ќе им припаѓа на градоначалници кои не се поклонуваат, кои, кога ќе бидат ставени во самица, велат: Нема да се предадам!, рече Петков.
Благомир Коцев и Никола Барбутов се префрлени од притвор во затворот во Софија, влчаста ги обвинува за корупција, а од н ивната матична партија, сега опозициската Партија на прмените тврдат дека тие се во шполитички прогон од актуелната власт.
Во Варна, луѓето се собраа пред општинското седиште, во Пловдив демонстрантите се собраа на плоштадот „Соединение“.




