Published: Thursday, October 24, 2013 17:06
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја назначи Софија Куновска за претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, информираатод СДСМ.
-Именуваниот претседател се избира на Отворен повик за самокандидирање, односно низ внатрепартиска процедура пропишана во Статутот на СДСМ и Одлуката за распишување на внатрепартиски избори, како и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во Општинските организации и Градската организација на СДСМ усвоени на Третата седница на Централниот одбор на СДСМ одржана на 30 јуни годинава, се вели ви соопштението од опозициската партија.




